Бане Андреев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Форматна исправка, replaced: ) бил макед → ) — макед
Ред 1:
[[Податотека:Bane Andrejev.JPG|мини|десно|185п|Бане Андреев - Ронката]]
'''Бане Андреев - Ронката''' ({{роден во|Велес}}, {{роден на|12|август|1905}} - {{починал во|Белград}}, {{починал на|31|октомври|1980}}<ref>С. Николов „Бане Андреев - Ронката“, „Вардарски глас“, 13 ноември 1980, 11 стр.</ref>) бил македонски комунист, учесник во [[НОБ]] и повоен министер во сојузната влада. Репресиран е за време на [[Информбиро|Информбирото]]то. Носител е на [[Партизанска споменица 1941]].
 
== Помеѓу двете светски војни ==
Ред 13:
По случувањата со [[Методија Шаторов - Шарло]], во септември 1941 година е составен нов ПК на КПЈ за Македонија во состав: [[Лазар Колишевски]], Бане Андреев, [[Борка Талески]], [[Благоја Јанков]], [[Вера Ацева]] и [[Мара Нацева]]. На чело на ПК е поставен Лазар Колишевски, но во текот на ноември 1941 г. тој е притворен од полицијата и на негово место доаѓа Бане Андреев. Тој продолжува да го води Покраинскиот комитет по патот на Шарло.
Во пролетта 1942 година под негово раководство биле формирани велешкиот, прилепскиот, преспанскиот и крушевскиот партизански одред. Еден од поголемите во тоа време беше велешкиот одред формиран на 21 април 1942 година на Лисец.
Видниот комунистички раководител во Македонија [[Мирче Ацев]] со свое писмо до ЦК на КПЈ од 9 август 1942 г. соопштува дека новото раководство на чело со Бане Андреев, после затворањето на Колишевски оди по патот на Шаторов, заземајќи став дека:
 
{{Цитатник|''«...Македонскиот народ уште ја нема изживеано својата илузија за ослободување, дека уште им верува на бугарските власти..., дека нема услови ниту објективни, ниту субјективни за водење на партизанска војна, од тоа призлегува дека не треба да создаваме партизански отреди...Продолжи политиката на Шаторовото раководство, таа дури се продлабочи.»''}}
Ред 22:
Поради сите овие случувања во ПК на КПЈ за Македонија, во Македонија се испратени инструктори од [[Србија]] и [[Црна Гора]]. Така, прв пристигнува инструкторот на ЦК на КПЈ [[Добривое Радославлевиќ]], а во текот на февруари 1943 и [[Светозар Вукмановиќ-Темпо]] – делегат на ЦК на КПЈ.
 
Од јуни 1943 година Бане Андреев бил избран за член на Централниот Комитет на новоформираната Комунистичка партија на Македонија. Централниот Комитет на [[КПМ]] е во состав: [[Лазар Колишевски]] (не присуствувал на своето избирање) – полит. секретар, [[Мара Нацева]] – орг. секретар, членови: [[Цветко Узуновски]], [[Кузман Јосифовски Питу]], [[Страхил Гигов]] и Бане Андреев.
 
Во април [[1943]] година Бане Андреев е уапсен од бугарската полиција во [[Битола]] и до ноември истата година е интерниран во Северна [[Бугарија]] (село [[Шијаково]]). Во [[1944]] година е избран за член на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]], а подоцна и за потпретседател на АСНОМ. Тој има и свое обраќање на денот на Заседанието на АСНОМ. Во рефератот кој е колективен труд на Иницијативниот одбор и на членови на ЦК КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ, меѓу друго се вели:
Ред 35:
По ослободувањето, во март [[1945]] година е назначен за министер за рударство во Привремената влада на [[СФРЈ|Демократска федеративна Југославија]]. На изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година е избран за пратеник. По формирањето на првата Влада на ФНРЈ, повторно е избран за министер за рударство.
 
На Петтиот конгрес на КПЈ во јули [[1948]] година е избран за кандидат за член на ЦК КПЈ, а на Првиот конгрес на КПМ во декември истата година е избран за член на Централниот комитет.
 
Поради сомнеж дека прикриено ја поддржува политиката на [[Советскиот Сојуз]] и на [[Информбиро|Резолуцијата на Информбирото]], Андреев на [[16 јуни]] [[1949]] година пишува изјава во „Борба“ во која ја искажува својата верност на југословенската партија.<ref>Ivo Banac "Sa Staljinom protiv Tita", "Globus", Zagreb, 1990, 190 str.</ref> Сепак, наскоро е уапсен, по што на [[17 јануари]] [[1950]] година е исклучен од КПЈ<ref>Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 92 стр.</ref> и е разрешен од сите политички функции.