Космичко зрачење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Регулација: Правописна исправка, replaced: еогравск → еографск
с →‎Состав: Исправка на датумски формат, replaced: тероија → теорија
Ред 10:
Преостанатиот дел е составен од потешки јадра кои се резулат на процесите во Универзумот при кои се создаваат потешки елементи. Секундарните космички зраци се составени од други јадра кои не се производ на нуклеарна синтеза или производ на Големата експлозија, како литиум, берилиум, бор и слично. Овие лесни јадра се појавуваат кај космичките зраци во многу поголемо количество отколку кај Соларната атмосфера.
Разликата во количеството е резултат од начинот на кој се формираат секундарните космички зраци. Кога потешките јадра кои се составен дел на космичките зраци, како јаглеродните и кислородните јадра, се судрат со меѓуѕвездената материја, се распаѓаат на полесни јадра , односно на јадра на литиум, берилиум и бор. Откриено е дека енергетскиот спектар на литиумот, берилиумот и борот, се намалува многу пострмно, отколку оној на јаглеродот и кислородот, што укажува на тоа дека кај јадраа со повисока енергија доаѓа до помал распад поради тоа што тие јадра можат побрзо да го напуштат галактичкото магнетно поле. Распаѓањето е исто така причина за присуството на јони на скандиум, титан, ванадиум и магнезиум во космичките зраци, кои се произведуваат со судир на железно и јадро на никел со меѓуѕвездената материја.
Експериментите на сателитите откриле докази на неколку антипротони и позитрони дури и во примарните космичи зраци, иако не постои доказ за сложено атомско јадро од анитиматерија, како антихелиумово јадро (антиалфа честички). Присуството на честички на антиматерија кое е забележано во примарните космички зраци се објаснува со тероијататеоријата дека и тие се создаваат преку судар на примарните космички зраци со меѓуѕвездената материја. На пример, стандарден начин за да се создаде античестичка во лабораторија е судир на протони со енергија >6 GeV, иако многу космички зраци ја надминуваат оваа енергија. Кога прости антиматеријални честички се создаваат во галаксијата преку овој процес, тие сè уште можат да поминуваат големи растојанија пристигнувајќи до Земјата, без притоа да бидат анихилирани од материјални честички со спротивен полнеж. Антипротоните пристигнуваат на Земјата со своја карактеристична енергија од максимум 2 GeV, што укажува на тоа дека тие се создаваат преку фундаментално различен процес од оној на кој се создаваат протоните.
Во минатото, се верувало дела флуксот на космичките зраци останува константен со текот на времето. Скорешните истражувања за временски период од 4 илјади години укажуваат на докази дека флуксот се менува во временски интервал од 1,5 до 2 илјади години.