Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: Леонтиев → Леонтјев
с →‎Животопис: Исправка на датумски формат, replaced: тероија → теорија
Ред 37:
Во 1922, Лурија започнал да работи на Московскиот институт по психологија кадешто своите истражувања ги фокусирал на пообјективни методи за проучување на афективните процеси наместо посубјективните кои се користеле во психоанализата. Ова му помогнало да го развие ‘комбинираниот моторен метод’ со кој Луриjа ги мерел моторните реакции од афективните дразби кај различни клинички, криминални и студентски групи со хроноскоп - апарат сличен на детекторот на лаги. Идеите што ги развил со овие истражувања веројатно ќе претставуваат рана еволуција во неговиот интерес кон саморегулаторните механизми кои ќе станат водечки во неговите подоцнежни проучувања на предната половина. Во 1923, кратко работел во Крупскаја академијата за комунистичко образование. Таму иницирал ново истражување каде ги анализирал вербалните асоцијативни реакции кај децата со цел да го проучува говорот и когницијата.
 
Животот на Лурија се менува во 1924, кога се запознал со Лав Виготкси на вториот серуски конгрес по психоневрологија во Ленинград. Бил толку импресиониран од приодот на Виготски кон психологијата што помогнал во организирањето покана за Виготски да работи во Москва. Од моментот кога се запознале, па сè до смртта на Виготски во 1934, тие двајцата заедно со [[Алексеј Леонтјев]], нивен истомисленик, работеле на создавање на практична и марксистички ориентирана советска псхологија позната како ‘културно-историски приод’. Главниот принцип кој ги обединил Луриа и Виготски во оваа нова тероијатеорија била идејата дека психологијата би можела да гледа на вишите психолошки функции (свесната активност) само во контекст на нивниот развој во историските и културните процеси, а тие да се прикажат преку објективни принципи на мозочната функција. Тројката соработувала на еден обемен истражувачки програм во Москва кедешто проучувале што стои посреди психолошките функции кај децата и возрасните како и организацијата на психолошките функции кај пациентите со афазија, [[паркинсонизам]] и тешкотии во учењето. Централно место во теоријата имала улогата на културното посредство во конституирањето на човековите психолошки процеси и улогата на социјалната средина во структурирањето на овие процеси. Истражувачите верувале дека вишите ментални процеси се формираат првично помеѓу луѓето, во социјалната интеракција, а дури подоцна се повнатрешнуваат (интернализираат) како внатрешен говор и други когнитивни структури. Затоа, сите виши ментални функции прво се културно детерминирани и посредувани. Иако понатамошната елаборација на оваа теорија од страна на Виготски е прекината заради неговата прерана смрт, Лурија останал верен на динамската, културно-историска теорија до крајот на својот живот дури и во неговата невропсихолошка пракса.
 
== Културни експедиции ==