Синтетичка теорија на еволуцијата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Појава и развиток: Исправка на датумски формат, replaced: тероија → теорија
Ред 9:
Поттикот за развиток на синтетичката теорија дал нова хипотеза за [[рецесивност]]а на новите [[ген]]и. Зборувано со јазикот на генетиката од втората половина на XX век, оваа хипотеза вели дека во секоја група на организми, за време на созревањето на [[Гамета|гаметите]], како резултат на грешка во [[репликација]]та на [[ДНК]] постојано настануваат [[Мутација (генетика)|мутации]] — нови варијанти на гени.
 
Влијанието на гените врз градбата и функциите на организмот е [[Плеотропност|плеотропно]]: секој ген учествува во одредувањето на неколку признаци или својства. Од друга страна, секое својство зависи од многу гени; генетичарите го нарекуваат овој феномен [[генетска полимерија]] (генетски полимерни својства). Фишер вели дека плеотропијата и полимеријата го одразуваат заемодејството на гените, при што надворешната изразеност на секој ген зависи од неговата генетска околина (опкружување). Затоа рекомбинацијата, која создава нови генски комбинации, најнакрај создава за дадена мутација такво генетско опкружување кое дозволува мутацијата да се појави (изрази) во [[фенотип]]от на единката-носител. На овој начин мутацијата потпаѓа под дејство на природната селекција, селекцијата ги уништува комбинациите од гени кои го отежнуваат животот и размножувањето на организмите во дадена [[животна средина]], а ги одржува неутралните и погодните комбинации. Според ова, основата на синтетичката тероијатеорија е во преферирање на размножувањето на одредени [[генотип]]ови и нивно предавање на потомците. Како извор на генетското разнообразие синтетичката теорија ја смета рекомбинацијата на гените.
 
Се смета дека еволутивниот процес се случил кога селекцијата зачувала некоја генска комбинација која не се среќавала претходно кај дадениот вид. Во таа смисла, за да има еволуција потребни се три процеси: