Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎'''Врски''': Исправка на датумски формат, replaced: септември, 2 → септември 2
Ред 69:
Првиот брак на Лопез беше со Кубанецот Ojani Noa, на 22 февруари 1997 година. Лопез го запозна Noa додека тој работеше како келнер во еден ресторан во Мајами. Се разведуваат во јануари 1998 година. Лопез подоцна го вработи Noa како менаџер на својот ресторан во Пасадена, во април 2002 година, но тој беше отпуштен во октомври 2002 година. Откако Noa ја тужел Лопез за престанокот на работниот однос, тие се одлучиле спогодбено да го завршат судскиот спор. Во април 2006 година Лопез поднесе тужба за да го спречи својот поранешен сопруг во намерата да објави книга која содржи лични податоци за нивниот краткoтраен брак, тврдејќи дека го прекршил предбрачниот договор. Во август 2007 година, судот назначи посредник кој издаде постојана забрана за Ojani Noa за „критикување, оцрнување, претставување во негативно светло или на друг начин деградирање" на Џенифер Лопез. Нејзе ѝ беа дадени 545.000 долари за обештетување, што вклучуваше речиси 300.000 долари за легални такси и речиси 48.000 долари за арбитража трошоци. На Noa исто така му беше наредено да ги предаде лично на Лопез или на нејзиниот адвокат сите копии на материјали поврзани со книгата. Во ноември 2009 година, Лопез го тужеше Noa за прекршување на договорот и нарушување на приватноста, со цел да го спречи во издавањето на филмот, "How I Married Jennifer Lopez: The JLo and Ojani Noa Story" (Како се оженив со Џенифер Лопез: Приказната на JLO и Ојani Noa) и дотогаш необјавените домашни снимки. На 1 декември 2009 година, судијата James Chalfant му издава привремена забрана на Noa и неговиот агент, Ed Meyer, забранувајќи им да ги дистрибуираат снимките. Бидејќи налогот е само привремен, адвокатот на Лопез, Jay Lavely, рече дека тој ќе направи сè за налогот да биде траен. Lavely истакна дека „Немаше ништо налик на секс снимка во сопственост на Ноа. Тоа е приватно и лично, но не е секс лента. Тие се погрешно презентирани пред јавноста за да се зголеми вредноста и вниманието на медиумите". По сослушувањето, Noa рече дека тој планира да поднесе жалба на одлуката, изјавувајќи: „Не е за парите, тоа е за мојот живот".
Потоа Лопез ја имаше две и пол годишната врска со хип-хоп магнатот Sean Combs. На 27 декември 1999, Лопез и Комбс беа во еден Клуб на Менхетен во Њујорк, кога при расправија помеѓу Комбс и една друга група беше употребено оружје. Лопез и Комбс го напуштиле местото на настанот и подоцна биле застанати од страна на полицијата. Пиштол беше пронајден под предното седиште на нивното возило. Комбс беше обвинет за недозволено поседување на оружје. Стресот од судењето на Комбс и прогонувањето од страна на печатот само ги зголеми проблемите кои ги имаа помеѓу нив. Лопез ја прекина нејзината врска со Комбс една година подоцна. За време на граѓанската тужба во 2008 година, адвокатот на тужителот изјави дека Лопез „не може ништо да придонесе за случајот".
Нејзиниот втор брак беше со нејзиниот поранешен танчер кој ја пратеше на настапите, Cris Judd. Таа се запозна со Judd за време на снимањето на музичкиот спот за синглот "Love don’t cost a thing." Тие стапија во брак на 29 септември, 2001 година, во нивниот дом, во едно предградие на Лос Анџелес. Нивниот брак ефективно заврши во јуни 2002 година, кога Лопез започна да се појавува во јавноста со Ben Affleck. Тие официјално се разведоа во јануари 2003 година.
По разводот, Лопез започна врска со глумецот Ben Affleck. Нејзиниот однос со Afflek доби голем публицитет, со дуплирањето на медиумите на парот "Bennifer". Лопез ја објави нејзината свршувачка со Affleck во ноември 2002 година, откако Affleck ѝ даде шест-каратен розев дијамантски прстен во вредност од 1.200.000 долари. Лопез изјавуваше дека Affleck навистина е „вистинскиот" и дека тие наскоро ќе има семејство. Бракот, кој беше планиран за 14 септември 2003 во Санта Барбара, Калифорнија, беше откажан само неколку часа пред настанот. Тие го објавија крајот на нивната свршувачка во јануари 2004 година. За нивната врска имаше направено пародија во една од епизодите на South Park, "Fat Butt and Pancake Head", која се емитуваше на 16 април 2003. Во 2003 година, Лопез и Afflek настапија заедно во филмот "Gigli" и во филмот од 2004 година "Jersey Girl".
По помалку од два месеци откако раскина со Afflek, Лопез беше видена со пејачот Marc Anthony, долгогодишен пријател со кого работела во музичките спотови. Тие кратко биле во врска кон крајот на 1990-тите, пред неговиот прв брак и нејзиниот втор. Лопез и Anthony снимија дует во почетокот на 2004 година, за претстојниот филм на Лопез, “Shall we dance”. Во октомври 2003 година, Anthony се раздели по вторпат, од својата прва сопруга, поранешна Мис на универзум Dayanara Torres, со која има две деца. Torres поднесе барање за развод три месеци подоцна. Лопез и Ентони направија мала свадба во домашна атмосфера на 5 јуни 2004 година, четири дена откако неговиот развод од Торес беше финализиран. Нивната церемонија беше приватна и без публицитет.