Јован IV Ласкарис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с →‎top: Исправка на датумски формат, replaced: јануари, 1 → јануари 1
Ред 21:
Јован бил син на [[Теодор II Ласкарис|Теодор II]] и [[Елена Асенина]]. Негови дедо и баба од мајчина страна биле царот [[Иван Асен II]] од Бугарија и неговата втора сопруга [[Ана Марија]] од Унгарија. Ана била првично крстена како Марија и била најстарата ќерка на [[Андраш II]] од Унгарија и [[Гертруда Мераниска]].
 
Јован IV имал само седум години кога го наследил тронот по смртта на својот татко. Младиот цар бил последниот член на ласкаридската династија, кој направил многу за да ја обнови Византија. Неговиот [[регент]] бил бирократот [[Ѓорѓи Музалон]], но Музалон бил убиен од благородништвото, и водачот на благородниците Михаил Палеолог го узурпирал местото. Наскоро, на 1 јануари, 1259 година, Палеолог се прогласил за совладетел познат како [[Михаил VIII Палеолог|Михаил VIII]]. Михаил, всушност бил Јованов роднина од второ колено, бидејќи и двајцата потекнувале од [[Ефросина Дукина Каматерина]].
 
По Михаиловото освојување на [[Константинопол]] од [[Латинско царство|Латинското царство]] на 25 јули 1261 година, Јован IV оставен во [[Никеја]], и подоцна бил [[политичко сакатење во Византија|ослепен]] по наредба на Михаил на неговиот единаесети роденден, 25 декември 1261 година.<ref name= "Hackel p. 71">{{harvnb|Hackel|2001|p=71}}</ref> Ова го направило неспособен да владее, и тој бил протеран и затворен во тврдината [[Витинија]]. Ова дејство довело до екскумуникација на Михаил VIII Палеолог од страна на [[Арсениј Цариградски]], и подоцнежен бунт воден од човек кој лажно се претставувал како Јован IV во близина на Никеја.