YouTube: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на датумски формат, replaced: јануари, 2 → јануари 2, мај, 2 → мај 2
Ред 78:
-На 3 декември 2006 година, Иран привремено го блокираше пристапот кон Youtube и уште неколку други веб-страни, обвинувајки ги за кршење на општествените и морални закони на однесување. Youtube беше блокиран откако на него беше прикачено видео за ѕвезда од една иранска серија со експлицитна содржина. Забраната беше укината и повторно воспоставена по претседателските избори во 2009 година.
-На 23 февруари 2008 година, Пакистан го блокираше пристапот до Youtube поради постоење на навредувачки материјали спрема исламската вера, меѓу кои и прикажувањето на данските цртани филмови за пророкот Мухамед. Тоа предизвика речиси буквално гаснење на страната во траење од 2 часа, откако процесот на блокирање на страната Youtube по грешка ги зафати и соседните држави. Пакистан ја повлече оваа забрана на 26 февруари 2008 година. Сепак, голем број луѓе во Пакистан ја надминаа тридневната блокада на страната Youtube користејќи програми за приватно вмрежување. Во мај 2010 година, за време на прославата на денот ,,Нацртај го Мухамед,,, Пакистан повторно воведе забрана за пристап до страната Youtube, притоа обвинувајки ја за ширење [[богохулство]].
-На 24 јануари, 2010 година Либија го блокираше пристапот кон Youtube, откако на страната на компанијата беа прикажани протестите во градот Бенгази организирани од семејствата на загинатите притвореници, кои беа убиени во 1996 година, во затворот Абу Салим, како и снимки со членовите на семејството на либискиот водач Моамер Гадафи присутни на разни забави. Оваа блокада беше критикувана од страна на организацијата за човекови права- Human Rights Watch.
-Некои училишта го блокираа пристапот кон Youtube, наведувајки ја како причина неможноста да се ограничи содржината на материјали до кои учениците пристапуваат.
-Во 2008 година на Youtube и беше доделена наградата од страна на ,,Pearbody award за создавање и ширење на демократија.
Ред 88:
Пред започнувањето со работа на страната Youtube во 2005 година, постоеја неколку едноставни методи кои им беа достапни на обичните корисници кои сакаа да објават видео клипови на [[семрежје]]то. Со својот едноставен интерфејс, Youtube му овозможува на секој кој има семрежен пристап, за неколку минути да објави видео клип кој ќе може да го гледа секој во светот. Широкиот спектар теми кои ги покрива страната Youtube направи споделувањето на видео клипови да биде еден од најважните делови во семрежната култура.
Пример за општественото влијание на Youtube беше успехот на видеото ,,The Bus Uncle,, од 2006 година. Тоа видео прикажува жесток разговор меѓу едно момче и повозрасен човек кои се сретнале во автобус во Хонгконг и за него се зборуваше на широко во главните медиуми. Друго видео кое привлече големо внимание беше изведбата на Pachelbel’s Canon на електрична гитара. Името на изведувачот не беше објавено во ова видео. Откако видеото беше прегледано милиони пати, весникот Њујорк Тајмс го објави идентитетот на гитаристот- Lim Jeong-hyun, 23 годишно момче од Јужна Кореја, кое ја снимило песната во својата соба.
,,Чарли повторно ме касна,, , видеото кое беше прикачено на 22 мај, 2007 година е ,,заразно,, видео со најмногу прегледи во споредба со другите видеа на корисниците, бидејќи е посетено над 300 милиони пати. На видео клипот се прикажани двајца браќа од Англија, каде едногодишниот Чарли го гризнува прстот на неговиот тригодишен брат Хари. На листата на ,,најзаразни,, видео клипови на Youtube, на прво место се наоѓа клипот со наслов ,,Чарли повторно ме касна,,.
 
== Критики==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/YouTube