Аминта III: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
мало дополнување со референци
Ред 10:
[[Филип II Македонски|Филип II]]}}
 
'''Аминта III''' — крал на [[Античка Македонија|Македонија]] од [[392 п.н.е.|393/392 г.п.н.е.]] (или 389) до [[369 п.н.е.|370/369 п.н.е.]] Бил син на [[Аридеј]] итатко на [[Филип II Македонски|Филип II]], односно дедо на [[Александар III Македонски]].<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=д-р Стојан Киселиновски и др.|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=25}}</ref>
 
Аминта дошол на тронот по десет години проблеми со наследството по убиството на [[Архелај I]]. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во [[393 п.н.е.]] бил истеран од страна на [[Аргеј II]] и [[Илирија|Илирците]], но следната година си го повратил кралството со помош на [[Тесалија]].
 
По завземањето на власта успеал да ги совлада внатрешните тешкотии, настанати како последица од претходните судири околу престолот и да и обезбеди внатрешна стабилност на македонската држава. Потоа се свртел против неприајтелите што ја загрозувале Македонија однадвор.<ref name=":0" /><ref name=":1">{{Наведена книга|title=Личности од Македонија|first=Јован Павловски и други|publisher=МИ-АН|year=2002|isbn=9989-613-28-1|location=Скопје|pages=18}}</ref>
Склучил договор со [[Спарта]], кои му помагале да го намали [[Олинт]] ([[379 п.н.е.]]). Исто така, влегол во сојуз со [[Јасон Ферски]] и предано одржувал пријателство со [[Атина]].
 
Склучил договор со [[Спарта]], кои му помагале да го ликвидира Сојузот на халкидиските градови на чело со [[Олинт]] ([[379 п.н.е.]]). Аминта III успеал да ги неутрализира и нападите на Илирите, што ја загрозувале македонската држава од запад. Со постојани борби успеал да ги одбрани македонските територии од нападите на надворешните непријатели, да го рашири македонското влијание и да ја афирмира македонската држава како централен балкански фактор.<ref name=":0" /><ref name=":1" /> Исто така, влегол во сојуз со [[Јасон Ферски]] и предано одржувал пријателство со [[Атина]].
 
Од неговата жена, [[Евридика II]] имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: [[Александар II]], [[Пердика III]] и [[Филип II Македонски]].