Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 44:
3. Создавање пријателска атмосфера меѓу Југославија и Бугарија и готовност за создавање на јужнословенска федерација во која би влегла и Бугарија како посебна единка со задолжително обединување на Вардарска и Пиринска Македонија која би била седма федерална единица во спомената федерација.
 
Врз основа на пописот од [[1946]] година, 70% од населението во [[Пиринска Македонија]] се декларирало за [[Македонци]]. Тоа било и своевиден [[плебисцит]], па во училиштата во Пиринска Македонија почнало да се изведува настава на македонскиот мајчин јазик, отворени беа македонски книжарници, а во [[Благоевград]] (Горна Џумаја) почнало да работи [[Македонски народен театар]] и била дадена директива да се изработи законски проект според кој таа културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија да се преобрази во територијална.<ref>Ташковски, м-р Драган. ''За Македонската нација''. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр.14-15</ref> Меѓутоа, со [[резолуција]]та на [[Информбиро]]то (заладувањето на односите меѓу [[СФРЈ]] и Бугарија), смртта на Георги Димитров и доаѓањето на власт на [[Тодор Живков]] сето ова е забрането, поништено и прекинато.<ref>{{фактНаведена книга|url=https://fosm.mk/wp-content/uploads/2020/11/makedonskoprasanjeod-za-web.pdf|title=Македонското прашање од 1944 до денес - Комунизмот и национализмот на Балканот|first=|last2=МАРИНОВ|first2=Чавдар|publisher=Фондација Отворено општество|year=2020|isbn=978-608-218-300-8|location=Скопје|pages=47}}</ref>[http://www.nbu.bg/historyproject/dokumenti_63-89/razdel6t2/f1bop35ae127.pdf]
 
На заседание на партијата (21 април 1948 година) (БРП) околискиот секретар Георги Иванов истакнал дека учењето на македонскиот јазик во Пиринскиот крај е многу тешко, бедејки луѓето не го мислеле тој процес за нешто природно, наспроти големиот труд по воведувањето.<ref>Съвещание на околийските секретари на БРП (к) от Пиринския край, 21 април 1948</ref>