Народна банка на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: сé → сè
Ред 76:
 
Основна и најважна функција на НБРМ е да ја формулира и да ја реализира монетарната политика. Притоа, според Законот за НБРМ, основна и примарна цел на НБРМ е да ја одржува стабилноста на цените, а исто така, таа ја подржува општата [[економска политика]] на владата, но само доколку со тоа не е загрозена основната цел. За остварување на основната цел, НБРМ ја применува стратегијата на [[таргетирање на девизниот курс]] во чии рамки, НБРМ ја одржува стабилноста на курсот на [[денар]]от во однос на [[евро]]то (претходно во однос на [[германската марка]]). Оваа стратегија формално се применува од октомври [[1995]] год., иако нејзиниот фактички почеток датира од пролетта [[1994]] год. Главен инструмент на монетарната политика на НБРМ се аукциите на [[благајнички записи]], со кои се регулира ликвидноста на банките и, оттука, [[паричната маса]]. Исто така, како инструмент на монетарната политика се употребува и [[задолжителната резерва на банките]].
 
==Меѓународни активности==
Во 2020 година, Народната банка добила можност да искористи 400 милиони евра врз основа на склучениот договор за [[Репо-трансакции|репо-трансакција]] со [[Европска централна банка|Европската централна банка]].<ref>Мирослав Саздовски, ЕЦБ за првпат овозможи Народната банка да има пристап до девизна ликвидност во евра, ''Економија и бизнис'', година 22, број 265, септември 2020, стр. 6.</ref>
 
== Нумизматички музеј ==