Фрескопис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с →‎top: Правописна исправка, replaced: (оклу → (околу
Ред 14:
Според времето на настанување следи фреско-живописот во манастирската црква [[Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези|Св. Пантелејмон]], во [[Нерези]], во близина на [[Скопје]], од [[12 век]] ([[1164]] година), единствен по својот стил и естетика, создаден од непознати мајстори, од рангот на врвните царски византиски фрескописци во тој период. Потоа, фреските во црквата [[Св. Ѓорѓи]], во [[Курбиново]], на бреговите на [[Преспанско Езерп|Преспанското Eзеро]], едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период допираат до нас. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на нерешките мајстори, иако во голема мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот. Сè до крајот на [[13 век]] во македонскиот живопис доминира комненовскиот стил.
 
Со појавата на зографите Михаил и Ефтихиј, кои во [[1295]] година, по покана од Прогон Згур, великиот хетериарх на Византија, започнуваат да го сликаат Охридскиот храм посветен на [[Пресвета Богородица Перивлептос]], започнува нов, величествен период во македонскиот фреско-живопис, во палеолошки стил. Истите мајстори подоцна ги живописале во целост и црквите [[Св. Георгиј]] во [[Старо Нагоричане]] кај [[Куманово]] (околу [[1317]] година) и [[Св. Никита]] во с. [[Бањани]] кај [[Скопје]] (оклуоколу [[1320]] година). Нивното творештво е своевидно [[зограф]]ско и богословско ремек-дело, единствено по својот израз и високите живописни и духовни квалитети.
 
Во овој период (околу [[1298]] година), фрескописан од непознат зограф, спаѓа и фрескописот од манастирската црква посветена на [[Св. Никола]], [[Варош]], во [[Прилеп]]. Остава впечаток дека на неговиот мајстор не му биле познати делата на Михаил и Ефтихиј, бидејќи во голема мера стилски се разликува од нив.