Етанол: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 49:
Етанолот е мала молекула и затоа поседува истовремено хидрофилни и липофилни карактеристики. Тоа му овозможува на етанолот лесно да ја помине плазма мембраната на клетката (пасивна дифузија), па затоа неговата концентрација екстрацелуларно и интрацелуларно е слична. Околу 95% проценти од внесениот етанол се разградува во црниот дроб, а 5% се излачува непроменет преку урината, потта и дишењето. Катаболизмот на етанол не е регулиран и е иреверзибилен - висока конзумација на етанол го намалува NAD<sup>+</sup>/NADH соодносот, што резултира со длабоки промени во метаболизмот.
 
Црниот дроб има централна улога во метаболизмот на етанолот. Тука се експримираат со најголема концентрација ензимите оксидацијата на етанолот. Главниот механизам преку кој етанолот се метаболизира опфаќа три ензими: алкохол дехидрогеназа, алдехид дехидрогеназа и ацетил-КоА синтетаза. Во првите два чекори се врши оксидација на молекулата на етанолот (алкохол > алдехид > карбонска киселина), каде акцептор на ослободените електрони е NAD<sup>+</sup>. Во првиот чекор се одвива во цитозолот, каде под каталитичко дејство на алкохол дехидрогеназата етанолот се оксидира до ацеталдехид. Вториот чекор се одвива во матриксот на митохондриите каде ензимот алдехид дехидрогеназа катализира окдидацијаоксидација на ацеталдехидот до ацетат (оцетна киселина). Притоа се генерираат 2 молекули NADH. Ацетатот во третиот чекор се конвертира во ацетил-КоА (активирана оцетна киселина). Ацеталдехидот е реактивно соедниение и формира аддукти со најразлични структурни и функционални протеини при што ја нарушува нивната функција.
 
Во случај на хорнично конзумирање на алкохол се индуцира вториот алтернативен механизам за разградба на етанолот: '''М'''икрозомалниот '''е'''танол '''о'''ксидирачки '''с'''истем (МЕОС) во мазниот ендоплазматски ретикулум. Индуцирањето на МЕОС е основен механизам за развој на толеранција кон оваа супстанца. Овој пат е цитохром-P450 зависен и користи NADPH како коензим. Уделот во разградбата на етанолот изнесува околу 10-20 %. Ензимот значаен за оваа реакција (CYP2E1) им припаѓа на цитохром P450 монооксигеназите. Во реакцијата која овие ензими ја катализираат, ослободените протони и електрони при оксидација на супстратот се пренесуваат врз кислород. Овој ензим покрај етанолот метаболизира над 80 други супстанци (ксенобиотици) и е високо индуцибилен. МЕОС системот е локализиран главно во перивенозната метаболна зона 3 на црниот дроб, местото каде се јавува рана локацизација на алкохолно оштетување на црниот дроб поради ацеталдехидот.
 
=== Ефекти на хронична конзумација на алкохол врз метаболизмот ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Етанол