Што ми е лепо, убаво: Разлика помеѓу преработките

македонска народна песна
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{italic title}} {{Infobox song | name = Што ми е лепо, убаво | cover = | alt = | type = | artist = Јо...
(нема разлика)

Преработка од 21:38, 12 јануари 2021

„Што ми е лепо, убаво“македонска народна песна со христијански религиозен карактер, на македонски народен говор, во која се опева Дева Марија и нејзиниот син Исус. Во песната се споменуваат и Свети Никола и Свети Илија.

„Што ми е лепо, убаво“
Песна од Јонче Христовски
Јазикмакедонски
Објавена19??
Жанрмакедонска народна музика
Композитор(и)непознат
Текстописецнепознат

Карактеристики

Аранжманот на верзијата испеана од Јонче Христовски е на Миодраг Божиновски.

Текст

Што ми е лепо, убаво,
на високана планина,
на онаа рамна, леле, рудина.
Рајските софри, ставени,
најгоре Свети Никола,
до него Свети, леле, Илија.
Меѓу нив сестра Марија,
со Христа Бога на раце,
со златно капче, леле, на глава.
Свиле се до два облака,
кренале ми го Ристоса,
кренале ми го, леле, в небеса.
Седна Марија да плачи,
Свети Никола е теши,
Свети Никола, леле, ѝ вели:
- Молчи ми, сестро Маријо,
ние ќе ти го земиме,
на занат ќе го, леле, дадеме.
На занат ќе го дадеме,
да прави страшни мостои,
да врват грешни души, грешници.

Надворешни врски