Акцент на туѓите зборови во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с -инка -> -ика
Ред 10:
Со акцент на вториот слог од крајот на зборот се туѓи именки што завршуваат на: '''-ура''' (култу́ра, литерату́ра); '''-ивец''' (негати́вец, рекреати́вец); '''-алец''' (гимназија́лец, кримина́лец); '''-изам''' (оптими́зам, органи́зам); '''-азам''' (ентузија́зам, сарка́зам) и ред други. Тука спаѓаат и придавките од туѓо потекло кои завршуваат на: '''-ален''', '''-јален''', '''-ивен''', '''-иран''', '''-озен''', '''-антен''', '''-ентен''' итн. (национа́лен, генија́лен, конзервати́вен, оркестри́ран, грандио́зен, домина́нтен, конкуре́нтен), како и глаголите што завршуваат на '''-ира''', '''-изира''' (протести́ра, реализи́ра).
 
Со акцент на третиот слог од крајот на зборот, најчесто се повеќесложни туѓи зборови коишто завршуваат на: '''-ија''', '''-инкаика''', '''-иум''', '''-ичар''', '''-лог''' итн. (биоло́гија, социоло́гија, лингви́стика, гимна́стика, магне́зиум, крите́риум, матема́тичар, хе́мичар, ди́јалог, е́пилог).
 
[[Категорија:Македонска граматика]]