Ако одам во Битола: Разлика помеѓу преработките

македонска народна песна
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 07:52, 12 јануари 2021

„Ако одам во Битола“македонска народна песна, текст и музика од Петар Георгиев-Калица. Песната била првпат изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89 во Валандово.[1] Ако одам во Битола е најпозната песна на Петар Георгиев и многумина ја сметаат за химна на Битола.[2]

„Ако одам во Битола“
Песна од Октет Македонија
Тоше Проески
Влатко Лозаноски
Анета Мицевска
Ламбе Алабаковски
Јазикмакедонски
Напишана1988
Објавена1989
Место на изведбаВаландово ‘89
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:49
ПеснописецПетар Георгиев-Калица
Композитор(и)Петар Георгиев-Калица

Историја

Во песната се отсликува целокупната традиција на градот и животот на битолчани од памтивек до денес, што се чувствува уште во првиот стих: „Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак. А на Дембел-чаршија кафе ќе се напијам, младост мило ќе си спомињам…“ Според кажувањето на самиот Калица, иако со години се подготвувал да ја напише оваа песна, ја создал само за пет минути. Првпат била испеана на „Фолк-фест Валандово“, во изведба на октетот „Македонија“ и ја добилаа третата награда од жирито.[2]

Текст

Ако одам во Битола,
ќе прошетам по Широк Сокак.
А на дембел чаршија
кафе ќе се напијам,
младост мило ќе си спомињам. [x2]
Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
неа не давам. [x2]
Ако одам во Битола,
ќе нарачам до три пајтона.
Први мене ќе носи,
в' други чалгии ќе свират,
в' трети товар, мерак ќе носам.
Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
неја не давам. [x2]
За Солуна, за Стамбола,
Битола не давам.

Награди

  • Трета награда од жирито на Фолк-фест Валандово '89

Наводи

  1. „Ако одам во Битола“. Бабам Битола. Посетено на 12 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 „„Ако одам во Битола" ја напишав во еден здив“. Нова Македонија. 15 декември 2020. Посетено на 12 јануари 2021.

Надворешни врски