Харе Кришна (мантра): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с →‎Мантра: Правописна исправка, replaced: едход → етход
Ред 15:
„Харе“ може да се протолкува како вокатив од „Хари“- другото име на Вишну што значи „оној кој ја уништува илузијата“, или пак како вокатив од „Хара“- другото име на Рада, вечната придружничка на Кришна – Шакти. Според А.К. Бактиведанта Свами Прабхупада, со Хара се мисли на енергијата на Бог, додека Кришна и Рама се самиот Бог, што значи „Оној кој е Сепривлечен“ и „Оној кој е извор на сето задоволство“. Рама може да се мисли на Рамачандра или на Кришна како Рада-Раман- другото име на Кришна што значи љубениот на Рада. Кришна е исто така наречен Рама во химната Вишну Сахасранама, која ја кажува Бишма во чест на Кришна по војната Курукшетра. Рама може да биде и скратена форма од Баларама, првата експанзија на Кришна. Мантрата се повторува или на глас (киртан), тивко само за себе (џапа) и во себе. Самиот процес на пеење на мантрата А. К. Бактиведанта Свами го опишува на следниов начин :
 
„Свесноста за Кришна не е вештачко наметнување за умот. Оваа свест е првобитната енергија на секој ентитет. Кога ја слушаме транцеденталната вибрација свесноста е оживеана ... Ова пеење на мантрата Харе Кришна Харе Кришна, Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама, Рама Рама Харе Харе произлегува директно од духовната платформа и со оваа звучна вибрација ги надминува пониските делови на свеста како што се чувствата, умот и интелигенцијата..... И како такви луѓето можат да учествуваат во пеењето без каква било предходнапретходна квалификација.
 
===Историја===