Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: ) е → ) —
поврзница
Ред 21:
== Рани години==
 
Доситеј е роден на [[7 декември]] [[1906]] година во селото [[Маврово]]. Неговото крстено име е ''Димитар Стојковски'', а се родил како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на [[Бистра]]. Богословија започнал да учи во [[Сремски Карловци]] во [[1922]] година, а се замонашил во [[1924]] година, на 17 години, во [[Кичевски Манастирманастир|„Св Богородица Пречиста“]], Кичевско. Негов духовен татко бил игуменот[[игумен]]от Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за [[Света Гора]], каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“. Доситеј останал на Света Гора до [[1932]] година, кога заради потребата од дошколување заминал во [[Битолска богословија|Битолската богословија]]. Како монах Доситеј престојувал и во манастирите [[Манастир „Св. Наум“ - Охрид|Свети Наум]] во Охрид, [[Манастир Трескавец|„Св. Богородица (Трескавец)]], Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12 гевруари 1934 година, од страна на владиката Николај, во црквата "Св. Богородица" во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на [[Цветници]] го примил еромонашкиот чин.
 
Доситеј длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Обидите на епископот [[Николај Велимировиќ]] и од митрополитот Јосиф, да го одродат и да го преобразат Доситеј, а преку него и да ја шират големосрпската пропаганда не успеале. Богословијата во [[Битола]] ја завршил во [[1937]] година, а истата година [[Српската православна црква]] (СПЦ) не му доделила [[стипендија]] за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во [[1942]] година.