Стале Попов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзано
поврзница
Ред 37:
== Животопис ==
[[Податотека:Stale Popov na Mostot na umetnosta (1).JPG|мини|Споменик на Стале Попов на [[Мост на уметноста|Мостот на уметноста]]]]
Роден е на 25 мај 1902 година во малото село [[Мелница (Мариово)|Мелница]], [[Мариово]], како трето од петте деца на манастирскиот слуга Илија Сталев. Набргу умрела мајка му Неда (1908) и малиот Стале останал на товар на татко му и не многу постарите деца - сестрата Трна и братот Ѓуро, а во меѓувреме умреле и двете деца помали од него. Татко му кој цели 18 години бил манастирски слуга, станал поп во [[Витолиште]] и заедно со децата се преселил во ова најголемо и централно мариовско село. Тука Стале го минал детството, годините исполнети со тежок живот и многу мечти за поубава иднина. Помагал во домашните работи, одел по дрва во блиските планини, а во слободното време со другарите ловел риби во блиските реки. Тука го започнал образованието кај учителот Бино, кого подоцна често ќе го споменува во неговите дела. На 14 годишна возраст Стале Попов за првпат го напуштил Мариово и дошол во [[Прилеп]], а потоа се вработил во [[Плетвар]]. Во Балканските војни додека вујко му Јован Ѓуров бил кмет во Витолиште, малиот Стале бил помошник писар. Иако поради војните го прекинал школувањето во него не згаснала желбата за образование.<ref name="ReferenceA">Стале Попов, Раскази, Поговор, стр.171, Наша Книга, Скопје, 1988</ref> Неговите стари, по [[традиција]], биле [[земјоделец|земјоделци]], но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските [[ага|аги]] и [[бег]]ови како обесправена [[раја]]. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и [[свештеник|свештеници]]. Основно [[образование]] завршил во селото [[Витолиште]] (Мариовско). Започнал да учи [[гимназија]] во [[Прилеп]], а завршил [[Битолска богословија|богословија]] во [[Битола]] и [[теологија|Теолошки]] [[факултет]] во [[Белград]]. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред [[Втората светска војна]] работел како [[земјоделец]], [[дрвар]], [[овчар]], [[трговец]], [[бакал]], службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, [[шумар]], тутунски работник.<ref>http://dpmk.org/ss.htm</ref>
 
По завршувањето на училиштето и отслужувањето на воениот рок се вработил во општината во [[Битола]], а потоа и како писар во Духовниот суд во овој град со надеж да се запопи и да го замени татка си на парохијата. Но набргу умрела жена му и тој во два месеца службување ја напуштил Битола и се вратил во родниот крај да се грижи за своите мали деца. Но, немирен дух во [[1930]] година пак го напуштил Мариово и се преселил во Прилеп каде што се вработил во Пореската управа. И оттука бил отпуштен и кон крајот на оваа година бил преместен во [[Лесковац]] каде што работел како полициски писар. Потоа минал во [[Крушевац]], од каде пак се вратил во Битола за, гонет од власта да ја напушти [[Македонија]] и да замине во [[Белград]] каде што се вработил како висок службеник во Општото одделение на Собранието на Кралството Југославија. Претчувствувајќи го она што набргу ќе се случи точно на [[27 март]] [[1941]] година го напуштил Белград и се вратил во родното Мариово.<ref name="ReferenceA"/>