Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Етнички национализам: Исправка според стандардно именување, replaced: Наполеонски → Наполеонови
с →‎19-от век: Правописна исправка, replaced: западно-европск → западноевропск
Ред 176:
 
Автори како што е Хана Аренд, во нејзината книга „Почетоците на тоталитаризмот“ од 1951 година, изјавиле дека расистичката идеологија (популарно „расизам“) што се развила на крајот на 19-от век придонела кон оправдување на империјалистичките освојувања на туѓу територии и пропратните дела (како што се Геноцидот на Хереро и Намака народот од 1904-1907 година или Арменскиот геноцид од 1915-1917 година). Поемата „Бремето на белиот човек“ на Радјард Киплинг (1899 година) е една од најпознатите илустрации на верувањето во својствената супериорност на европската култура врз остатокот од светот, дури е сметана и за сатирично вреднување на таков империјализам. Расистичката идеологија на тој начин придонела кон оправдување на потчинувањето и растурањето на традиционалните општества на домородното население, кои се сметале за хуманитарни обврски како резултат на овие расистички верувања.
Меѓутоа, за време на 19-от век, западно-европскитезападноевропските колонијални сили биле вмешани во прикривањето на троговијата со арапски робови во Африка, како и на трговијата со робови во Западна Африка. Другите колонизатори ја препознале расипаноста на нивните дела но продолжиле поради лична добивка. Некои Европејци за време на овој период се спротивставиле на неправдите од колонијализмот и лобирале во име на домородното население. На тој начин, кога на почетокот на 19-от век во Англија била изложена „Хотентотската Венера“, африканската асоцијација јавно се спротивставила на изложбата. Истата година кога Киплинг ја објавил својата поема, Џозеф Конрад го објавил делото „Срцето на темнината“ (1899 година), чиста критика на „Слободната држава Конго“, поседувана од Леополд II од Белгија.
Примери на применети расистички теории го вклучуваат создавањето на хамитската етно-лингвистичка група за време на европското истражување на Африка. Во тој период Карл Фридрих Лепсиус (1810–1877 година) ги ограничил на несемитски афро-азијски јазици.
Терминот „Хамити“ се употребувал за различни населенија во границите на Африка, кои главно се состоеле од Етиопјани, Еритрејанци, Сомалијци, Бербери и Нубијци. Хамитите се сметале за народ од белата раса кој најверојатно потекнал или од Арабскиот полуостров или Азија врз основа на нивните културн, физички и лингвистички сличности со тамошните луѓе. Европејците ги сметале Хамитите за поцивилизирани од црните Африканци и посродни на нив и на Семитите. Во првите две-третини од 20-от век, хамитската раса се, всушност, сметала за една од родните гранки на белата раса, заедно со Индо-европејците, Семитите и медитеранската раса.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам