Киро З’мбов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
треба да се спои со Кирил Ѕ'мбов
Пренасочување кон Кирил Ѕ'мбов
Ознака: Ново пренасочување
Ред 1:
{{Спојување|#пренасочување [[Кирил Ѕ'мбов}}]]
{{Инфокутија за личност
| име = Киро З’мбов
| портрет =
| px =
| опис =
| родено-име =
| роден-дата ={{роден на|31|јануари|1931}}
| роден-место ={{роден во|Кочани}}
| починал-дата = {{починат на|6|септември|2009}}
| починал-место = {{починат во|?}}
| починал-причина =
| националност = [[Македонец]]
| познат =
| занимање = [[физичар]], академик
| сопружник =
| татко =
| мајка =
| родители =
| роднини =
| деца =
}}
{{Спојување|Кирил Ѕ'мбов}}
 
'''Киро З’мбов''' ({{роден во|Кочани}}, {{роден на|31|јануари|1931}} - ({{починат во|?}}, {{починат на|6|септември|2009}}) – [[нуклеарен физичар]], член на [[МАНУ]] надвор од работниот состав од 1988 година.<ref name=MKE>{{МКЕ|574}}</ref>
 
==Животопис==
З’мбов бил научен советник на [[Институт за нуклеарни науки во Винча|Институтот за нуклеарни науки во Винча]], [[Белград]]. Докторирал во 1963 година на Природно-математичкиот факултет во Белград. Престојувал на постдокторска специјализација на Универзитетот Рајс во [[Хјустон]], САД (1965–1967). Работел како гостин-научник во Центарот за нуклеарни истражувања во [[Јилих]], [[Германија]] (1973–1975) и во Јапонскиот институт за атомски истражувања (ЈАЕРИ) во [[Токаи]] (1990). Научноистражувачката активност му е насочена кон реактивноста и структурата на неорганските [[молекула|молекули]]. Посебно се опфатени областите: кинетика на хемиски реакции со примена на стабилни изотопи како обележувачи; интеракција на неутрални честички (атоми и молекули) со усвитени метални површини; [[јонизација]] и [[дисоцијација]] на молекули при судир со електронски снопови, како и развивање на нови методи за [[изотоп]]ска анализа на [[ураниум]]от. Најзначајните резултати му се во подрачјето на масеноспектрометриското испитување на хемиски процеси на високи температури. За таа цел, во неговата група во Винча е конструиран специјален масен спектрометар со високотемпературен реактор и јонски извор со монохроматизиран електронски сноп.
 
Трудовите му биле цитирани околу 730 пати. Имал богата соработка со центрите за нуклеарни истражувања во Јилих и во [[Карлсруе]], со Националниот институт за стандарди и технологија во Вашингтон и со [[Московски државен универзитет „Ломоносов“|Државниот универзитет „Ломоносов“]] во [[Москва]]. Бил претседател на Југословенското друштво за масена [[спектрометрија]] и член на Научниот совет на Меѓународното друштво за масена спектрометрија. Бил и директор на Лабораторијата за физичка хемија во Винча.<ref name=MKE/>
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
{{МАНУ}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ: З’мбов, Киро}}
[[Категорија:Македонски физичари]]
[[Категорија:Македонски академици]]
[[Категорија:Академици на МАНУ]]