Роберт Кох: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: незнае → не знае
Ред 37:
Во Берлин, тој ги подобрил методите на боење и пурификација, [[Бактерија|бактериските]] медиуми за растење (вклучувајќи и [[агар]]ни плочки), како и [[Петриев сад|Петриевите садови]], именувани по неговиот асистент [[Јулиус Рихард Петри]]. Овие направи се користат и денес. Со помош на овие техники тој ја открил бактеријата која ја предизвикува туберкулозата (''[[Mycobacterium tuberculosis]]'') во [[1882]]. Туберкулозата била причина за една од седум смртни случаи во средината на [[19 век]].
 
Во [[1883]], Кох работел со [[Франција|француски]] истражувачки тим во [[Александрија]], [[Египет]], проучувајќи ја [[колера]]та. Кох ја идентификувал [[Вибрион|вибрио]]-бактеријата која ја предизвикува оваа болест, иако не успеал да ја докаже во експериментите. Претходно оваа бактерија била изолирана од [[италија]]нскиот анатом [[Филипо Пачини]] во [[1854]], но неговиот труд бил игнориран поради предоминантноста на [[мијазма теорија]]та на заразите. Кох незнаелне знаел за откритието на Пачини и создал независно откритие. Меѓутоа, во [[1965]], бактеријата била формално преименувана како ''Vibrio cholera Pacini'' 1854.
 
Во [[1885]] Кох станал професор по хигиена на [[Универзитетот во Берлин]], а подоцна, во [[1891]], директор на новоформираниот Институт за инфективни заболувања, од која позиција отстапил во [[1904]]. Започнал да патува околу светот, проучувајќи ги болестите во [[Јужна Африка]], [[Индија]] и [[Јава]] ([[Индонезија]]).