Средна Азија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стопанство: Правописна исправка, replaced: храмбен → хранбен
Ред 140:
== Стопанство ==
Од државите на Средна Азија, според развојот на стопанството Казахстан, Узбекистан, Туркмекистан и Киргистан се слабо развиени аграрно-индустриски земји. Огромните територии со непрегледни рамници во Казахстан, Узбекистан и Туркмекистан се основа врз која се потпира земјоделското производство. Поважни земјоделски култури се пченицата, јачменот, оризот, пченката, сончогледот, памукот, виновата лоза, компирот. Посебна одлика е одгледувањето памук и свилена буба, кои како суровини се основа за извоз и развој на текстилната индустрија. Недостиг на вода се надоместува со наводнување, особено од реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои поради преголема употреба, често не стигнуваат до Аралското Езеро, па тоа постојано се намалува. Во Средна Азија е застапено и сточарството. Главно се одгледуваат овци и кози, а од крупниот добиток - говеда, коњи, камили, јакови. Се одгледуваат и животни со ценети крзна и кожи.
Карактеристично за регионот е што поседува разновидни природни богатства, како што се: нафта, земјен гас, железо, јаглен, обоени метали, полуметални руди, волфрам, уран, жива итн. Особено важно е богатството со нафта и земјен гас околу Каспиското и Араиското Езеро. Богатите наоѓалишта на јаглен, железо и обоени метали, со исклучок на Авганистан, овозможиле развој на црната и обоената металургија, на машинската индустрија, на хемиската и нафтопреработувачката индустрија. Врз основа на суровините од земјоделско и сточарско потекло се развиени гранки на [[лесна индустрија|лесната индустрија]], како што се текстилната, прехрамбенатапрехранбената итн.
Поради пустинските и планинските територии, транспортните услови во Средна Азија не се доволно развиени.