Еволуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Правописна исправка, replaced: 0ти → 0-ти
Ред 1:
[[Податотека:Mutation and selection diagram mk.svg|мини|десно|Дијаграм на улогата на [[мутација|мутацијата]]та и [[природна селекција|селекцијата]] во еволуцијата.]]
[[Податотека:Charles Darwin.jpg|мини|right|200px|[[Чарлс Дарвин]], татко на теоријата на еволуцијата преку [[природна селекција]].]]
{{генетика-странично}}
Во [[Биологија|биологијатабиологија]]та, '''еволуцијата''' е промена на карактеристиките на живите [[Организам|организми]] преку генерациите. Вообичаената дефиниција на зборот во популарната наука ја опфаќа и појавата на нови [[Вид|видовивид]]ови, исто така како производ на еволуцијата. Од развојот на современата [[генетика]] во [[40ти40-ти]]те, еволуцијата е дефинирана поспецифично како промена на фреквенцијата на [[алела|алелите]] (алтернативни форми на истиот [[ген]]) во една популација од една генерација до следната. Во другите полиња терминот '''еволуција''' се користи во поширока смисла, за да означи било каков [[процес]] на промена во текот на времето.
 
Една од првите кохерентни теории за биолошка еволуција се предложени во раниот [[19 век]] од [[Жан Батист Ламарк]], но неговата теорија не била пошироко прифатена. Со објавувањето на заедничкиот труд на [[Чарлс Дарвин]] и [[Алфред Расел Волис]] во [[1858]], следена од Дарвиновата книга ''[[Потеклото на видовите]]'' во [[1859]], теоријата на еволуцијата преку природна селекција станала цврсто етаблирана во рамките на научната заедница и набрзо за неа се пројавил интерес и во пошироката јавност. Во [[1930-ти]]те, поголем број на научници ја комбинираат Дарвиновата теорија за природна селекција со повторно откриената теорија на [[наследност]] предложена од [[Грегор Мендел]], при што ја создаваат [[современа еволуциска синтеза|современата еволуциска синтеза]]. Во современата синтеза, "еволуцијата" означува промена во фреквенцијата на [[алела|алелите]] во една популација од една генерација до следната. Оваа промена може да биде предизвикана од повеќе различни механизми: [[природна селекција]], [[генетски дрифт]] или промени во популациската структура преку [[генетски тек]].
 
Во обичниот говор зборот "еволуција" често се користи означување на современата синтеза на еволуцијата, вклучувајќи ја и [[Теорија|теоријататеорија]]та дека сите различни видови имаат еден заеднички предок. Исто така, зборот се користи за да се опишат механизмите што дејстуваат при промената на населението.
 
== Наследност ==
 
Наследувањето кај организмите настанува по пат на дискретни белези - карактеристичните црти на еден организам. На пример, кај луѓето, бојата на очите е наследен белег кој единките го наследуваат од еден од своите родители. Наследните белези се контролираат од гени, а целосниот збир на гени во рамките на [[геном]]от на дадена единка се нарекува [[генотип]].
 
Целосниот збир од видливо изразени белези кои ја сочинуваат структурата и однесувањето на дадена единка се нарекува [[фенотип]]. Овие белези се плод на заемодејството меѓу генотипот и неговата околна средина. Како последица на ова, не секој аспект од фенотипот на еден организам е наследен. Тенот на кожата е резултат од заемодејството на човечкиот генотип со сончевите зраци, а не е наследен белег. Луѓето, меѓутоа, реагираат различно на сончевата светлина, што се должи на разлики во нивниот генотип. Негативен пример во оваа смисла се луѓе кои го наследиле белегот [[албинизам]] - тие не добиваат тен и се особено чувствителни на изгореници.
 
Гените се делови во молекулата на [[ДНК]] кои содржат [[генетска информација]]. ДНК претставува долга молекулска низа, изградена од четири типови на [[База (хемија)|бази]]. Во различните гени редоследот на бази е различен. Начинот на кој базите се распоредени во редица е всушност кодот на генетската информација. Во клетките, долгите ДНК нишки се врзуваат со белковини и образуваат структури наречени [[хромозом]]и. Местоположбата на даден ген во еден хромозом се нарекува [[локус]]. Ако низата од ДНК во еден локус е различна кај секоја одделна единка, различните форми на овој распоред се нарекуваат [[алел]]и. Низата од ДНК може да се менува при [[Мутација (генетика)|мутација]], со што се создаваат нови алели. Ако мутацијата се случи во еден ген, новиот алел може да покаже влијание врз белегот кој се контролира од овој ген, што од своја страна води кон промена на фенотипот на организмот. Додека во некои случаи врската е проста (еден алел контролира еден белег), сепак почесто белезите се комплексни и се контролирани од мноштво заемодејствувачки гени.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Еволуција| ]]
[[Категорија:Биологија]]