Баскиска земја: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Баскија''' или '''Баскиска земја''' (на {{lang-eu|Euskal Herria}}; на {{lang-es|País Vasco}}; на {{lang-fr|Pays basque}}...
(нема разлика)

Преработка од 23:57, 5 јануари 2021

Баскија или Баскиска земја (на баскиски: Euskal Herria; на шпански: País Vasco; на француски: Pays basque) — името на земјата на Баските. Регијата се наоѓа на западните Пиринеи, опфаќајќи ја границата меѓу Франција и Шпанија на брегот на Бискајскиот Залив. Најстарото документирано баскиско име за областа во која живеат е Еускал Херија и датира од 16-ти век. Оваа регија ги опфаќа границите на шпанските автономни заедници Баскија и Навара и на Северна Баскија во Франција. Таа е земјата на баскискиот народ (на баскиски: Euskaldunak), нивниот јазик (на баскиски: Euskara), култура и традиции. Областа не е ниту јазично ниту културно хомогена, па одредени делови имаат мнозинство од луѓе кои не се сметаат себеси за Баски.