Георги Акрополит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
уредување на внатрешните линкови и додадена надворешна врска
Ред 1:
'''Георги (Ѓорѓи) Акрополит''' ({{роден|||1217}}–{{починал|||1282}}) — византиски историчар и државник од [[Цариград]]. Најважен извор за историјата на [[македонскиот народ]] во првата половина на [[13 век]]. <ref name=":0">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=д-р Стојан Киселиновски и др.|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=18}}</ref>
 
== Животопис ==
Уште како млад се преселил во [[Никеја]], каде што во служба на [[Никејско Царство|Никејското Царство]] направил добра кариера. Како [[логотет]] (секретар), на царот [[Јован III Дука Ватац]], тој го придружувал во неговите походи против Бугарија, Солунското Царство и епирската држава. Кон крајот на [[1256]] година, од императорот [[Теодор II Ласкарис]] ([[1254]]–[[1258]]), бил поставен со титула [[Претор (титула)|претор]], за главен цивилен и воен управник на сите западни никејски покраини, со седиште во [[Солун]]. Од [[декември]] [[1256]] до [[февруари]] [[1257]], обиколил во инспекција голем дел од териториите и градовите во [[Македонија (регион)|Западна и Јужна Македонија]], како и [[Албанија]], кои впрочем биле под негово управување. Во борбите против епирскиот владетел [[Михаил II Ангел]] ([[1257]]), раководел со одбраната на [[Прилеп]].<ref>{{Наведена книга|url=http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/godzb/GZ64(2011)/GZ64.14.%20%D0%90%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8,%20%D0%90.%20-%20%D0%98%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%A1%D0%B2.%20%D0%93%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%20%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B3%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D1%83%D0%B6%D0%B4%20%D0%B8%20%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0.pdf|title=Имотите на Манастирот Св. Георги Горгос копскиСкопски во Велбужд и околината|first=Александар Атанасовски|publisher=УКИМ|year=2004|isbn=|location=Скопје|pages=5}}</ref> Принуден бил да се предаде, по што станал епирски заробеник во [[Арта]]. По само две години поминати во затвор, тој бил ослободен во [[1259]] година.<ref name=":0" />
 
По возобнувавњето на [[Византиското Царство]], царот [[Михаил VIII Палеолог]], го поставил за ректор на реорганизираниот универзитет во Цариград, а во 1274 година ја предводел византиската делегација на црковниот концил за унија меѓу разделените христијански цркви, којшто се одржувал во [[Лион]]. Напишал историски труд во којшто ги раскажува настаните од [[1203]] до [[1261]] година, односно од паѓањето на [[Цариград]] под латинска власт до обновувањето на [[Византиското Царство]]. Пишувал врз основа на лични сознанија и искуства, а му биле достапни и официјалните државни документи, па затоа неговиот труд претставува мошне сигурен извор за настаните што ги опишува.<ref name=":0" />
 
== Наводи ==
Ред 12:
 
* [https://www.doaks.org/resources/seals/byzantine-seals/BZS.1951.31.5.1285 George Akropolites, grand logothetes] на англиски
*[https://books.google.mk/books/about/George_Akropolites_The_History.html?id=So8SDAAAQBAJ&redir_esc=y George Akropolites: The History: Introduction, Translation and Commentary] издание на Oxford, 2007 на англиски
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Акрополит, Георги }}