Сунгур Чауш-бегова џамија: Разлика помеѓу преработките

поранешна џамија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Сунгур Чауш-бег џамија''' била првата изградена џамија во Битола и една од најста...
(нема разлика)

Преработка од 00:43, 4 јануари 2021

Сунгур Чауш-бег џамија била првата изградена џамија во Битола и една од најстарите џамии на Балканот. Срушена е во 1956 година.

Изградба на џамијата

Првата џамија во Битола ја изградил Сунгур Чауш-беј во 1434/35 година. Заедно со Хаџи Кам (1420) џамијата во Скопје, тие биле едни од најстарите џамии на Балканот. Сместена на левиот брег на реката Драгор во близина на Овчи Пазар*, била позната и како „Ески“, „Атик“ или „Солак“ џамија. Некои историчари со неа ги поврзуваат и првите зачетоци на чаршијата, бидејќи околу биле изградени дуќани, ан и пазар.[1]

Градителот на џамијата Сунгур Чауш-бег

Сунгур Чауш-беј бил еден од војсководците на султанот Мурат II, кој потекнувал од овие краеви и како млад бил земен како данок во крв. Според турскиот историчар, мајорот Мехмед Тефик (Историја на Битолскиот вилает)[2] враќајќи се од војна против Скендер-бег, на Сунгур Чауш-бег му се допаднала положбата на Битола и го замолил султанот Мурат II да му дозволи да се насели тука. Желбата му била одобрена и еден од неговите први зафати бил обновувањето од темели на џамијата, која всушност била стара црква претворена во џамија. Во негова чест џамијата била наречена Сунгур Чауш-бег џамија.[2]

Откривањето на Битолската плоча

Сунгур Чауш џамијата била срушена во 1956 година. При нејзиното уривање пронајдена е камена плоча на која со кирилско писмо е напишано името Битола (Битолска плоча / Битолски натпис), а која денес се чува во НУ Завод и музеј - Битола. Плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав (1016-1017) и на неа, меѓу другото, пишува: “Со помош на молитвите на пресвета владичица Богородица и со застапување на врвните 12 апостоли се обновува градот Битола”. Оваа плоча била поставена на видно место во тврдината, во која имало и катедралната црква.[3]

Наводи

  1. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=850CFC11F3B0C941BF117C393960A403
  2. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=850CFC11F3B0C941BF117C393960A403
  3. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=850CFC11F3B0C941BF117C393960A403