Конзервативна партија (Обединето Кралство): Разлика помеѓу преработките

партија во Велика Британија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Конзервативна партија, официјално именувана Конзервативна и унионистичка партија,...
(нема разлика)

Преработка од 18:30, 3 јануари 2021

Конзервативна партија, официјално именувана Конзервативна и унионистичка партија, а разговорно позната како Ториевци или Конзервативци - политичка партија во Обединетото Кралство. На идеолошка основа, Конзервативците се сместуваат во центар-десно просторот од британскиот политички спектрум. Конзервативците се во владата од 2010 година, а заклучно со 2021 година имаат мнозинство во Домот на комуните со 364 претставници. Партијата има 245 неизбрани членови на Домот на лордовите, 8 членови на Лондонското собрание, 30 членови на Шкотскиот парламент, 11 членови на Велшкиот парламент и 7.430 советници во локалните власти.

Конзервативната партија била основана во 1834 година од партијата на Ториевците и станала една од двете доминантни политички партии во 19-тиот век, заедно со Либералната партија. Под лидерството на Бенџамин Дизраели, партијата одиграла исклучителна улога во политиката за време на највисоките достигнувања на Британската империја. Во 1912 година, Либералната унионистичка партија се споила со Конзервативците и се формирала Конзервативната и унионистичка партија. Во 1920-тите години, Лабуристичката партија ги надминала Либералите како главни ривали на Конзервативците. Конзервативните премиери, меѓу кои најзначајни се Винстон Черчил и Маргарет Тачер, ги воделе владите 57 години во 20-тиот век.