Масакр во Велес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Терминот „Крвава Коледа“ е име на кампања која е спроведена од југ. власти и не се однесува само на настаните од скопското кале
Ознака: Отповикај
Бришење на поврзувањето на овој настан со Бунтот од Скопско Кале (разговарано со корисник)
Ред 18:
 
== Настан ==
{{Главна|Крвава Коледа (1945)}}
На [[15 јануари]] [[1945]] без јавно судење, биле масакрирани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на [[НОБ]] и соработници со окупаторот. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена во 1996 година. Посмртните останки на 53 убиени велешани се пронајдени со наредба за ексхумација од тогашната влада, во 1996 година, во атарот на селото [[Летевци]] во месноста Пуста Кула, на границата меѓу [[Велешко]] и [[Скопско]]. Нивните потомци дошле до документот на судска медицина, кој никогаш не го видел светлото на денот. Според обдукцијата, биле пронајдени 15 сочувани черепи од 53 закопани, само четири куршуми и констатација дека починатите биле усмртени со удар од „тапо-тврда сила“ по главата. Блиските фамилии на 53-та велешани барале од Врховниот суд заштита на законитоста, но тој не утврдил дека биле ликвидирани поради нерегуларна судска постапка. Врховните судии го одбиле како неосновано барањето за заштита на законитоста на едно од семејствата на стреланите, кое тврдеше дека нивниот роднина е погубен зашто не се почитувало правото на жалба на обвинетите. Семејствата веруваат дека 53-ра велешани веќе биле убиени на 15 јануари, а Второстепениот суд на 18 јануари 1945 година ја потврдил пресудата на Првостепениот воен суд на Скопската воена област донесена три дена порано. Врховниот суд смета дека нема докази со кои може да се потврди дека стрелањето било извршено пред 18 јануари. Историчари се убедени дека на пресудите е извршено антидатирање, односно дека се напишани подоцна, по погубувањето, за правно да се покрие случајот. Ова е прв и единствен случај на откриена масовна гробница во Македонија, дело на тогашната комунистичка власт.<ref>Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.</ref><ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 924 стр.</ref>
 
Ред 92 ⟶ 91:
# Сејфедин Фајазит
</div>
 
== Поврзано ==
 
* [[Крвава Коледа (1945)]]
 
== Наводи ==