Новогодишна ноќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 109:
 
=== Шпанија ===
Шпанската нова година (''Nochevieja'' или ''Fin de Año'' на шпански, ''Cap d'Any'' на каталонски, ''Nit de Fi d'Any'' на валенсијскиваленсиски, ''Cabo d'Anyo'' на арагонски) најчесто се прославува со семејна вечера, со јадење на ракчиња или јагнешко. Шпанската традиција говори дека носењето на новнова црвенцрвена долендолна вешоблека на Новогодишната вечер носи добра среќа. Вистинското одбројување првично се следи од часовникот на врвот на зградата ''Casa de Correos'' на плоштадот ''Puerta del Sol'' во [[Мадрид]]. Традиција е да се јадат 12 грозја по едно на секое отчукување на часовникот. Оваа традиција своите почетоци ги бележи во 1909, кога одгледувачите на грозје во Аликанте го смислиле ова како начин за ослободување од вишокот грозје кои тие го произвеле таа година. Денеска скоро секој Шпанец ја следи таа традиција, а 12-те грозја станаа синоним за новата година.
 
Откако часовникот ќе означи полноќ, луѓето си честитаат и наздравуваат со шампањ или со пенливо вино. По завршувањето на семејната вечера и јадењето на грозјата, многу млади луѓе присуствуваат на новогодишни забави во пабови, дискотеки и други слични места (овие забави се нарекуваат ''cotillones de nochevieja'' бидејќи шпанскиот збор ''cotillion'' се однесува на забавни украси како конфети, капи и слично). Забавите обично траат до следниот ден и ги има од мали, лични прослави па сè до огромни прослави во хотелски простории за конвенции. Следното утро рано, луѓето се собираат за традиционалниот зимски појадок односно топло чоколадо и лиснати теста.
Ред 141:
Мексикански сладок леб се пече и во него се става паричка или некоја амајлија. Кога ќе се послужи лебот, тој кај кого ќе се падне паричката или амајлијата се верува дека ќе го следи добра среќа и благослов во новата година. Друга традиција е правење на список на сите лоши или несреќни работи кои се случиле во текот на годината и пред полноќ таа листа се фрла во оган, симболизирајќи го отстранувањето на негативната енергија од новата година.
 
Повеќето мексиканци прославуаатпрославуваат со тоа што имаат касна вечера со семејството, традиционалното јадење е мисирката, традиција која е светски популарна. Тие кои сакаат да се забавуваат обично после вечерата одат во локални клубови или на забави. Доколку сте во [[Мексико]] можете исто така да уживате во уличните прослави. Во Мексико Сити има голем уличен фестивал за Новогодишната вечер каде прославата се одржува на главниот плоштад Зокало. Можете да очекувате многу огномети, петарди и слично. На полноќ има многу врева и се извикуваат зборовите „Среќна нова година“ („''Feliz año nuevo Hogmanay!''“). Луѓето се гушкаат, прават врева и играат со петарди.
 
== Океанија ==