Разлика помеѓу преработките на „Новогодишна ноќ“

нема опис на уредувањето
Најголемата прослава и централна манифестација за Новогодишната вечер во [[Сингапур]] се одржува на Мариновиот брег, на која обично присуствуваат околу 250.000 луѓе. Други места на коишто има прослави за дочек на Новата година, а се во близина на Мариновиот брег, се хотелите: Фултон, Марина Мадарин, Риц-Карлтон Милениум, Марина Беј Сендс, итн.
 
На кејот, 20.000 балони исполентиисполнети со 500.000 желби на Сингапурците приредуваат визуелна уметничка приредба исполнет со брилијатнибрилијантни бои со помош на светлосни ефекти. Присутните се забавувани од различни улични актери и концерти, кои се одржуваат на пловечка платформа до брегот. Учествуваат актери и изведувачи како од земјата така и од странство. Целата манифестација се пренесува во живо на телевизија. Последните десет секунди до полноќ, се одбројувани од изведувачите заедно со публиката. На тоа следни спектакуларен огномет, кој го осветлува целиот брег.
 
=== Филипините ===
Најобично Филипинците ја дочекуваат Новата година во друштво на фамилијата и блиските пријатели. Традиционално во повеќето куќи се одржуваат вечери кои населението ги вика Медиа Ноче (''Media Noche''). Главното јадење е свинско на ражен. Скарата исто така е дел од менито.
 
Повеќето Филипинци практикуваат одредени суеверија за време на дочекот на Новата година. Некои од овие суеверија се: Носењето на облека со округли шари, за кои се верува дека носат пари и среќа или друга шарена облека за која се верува дека следната година ќе биде безгрижлива; фрлањето парички точно на полноќ се верува дека ќе ја зголеми благосостојбата во годината што следува; тропањето со парички во метална кутија додека се оди околу куќата, скокајќи високо за што се верува дека ќе придонесе за физичкото здравје и висина се исто така дел од суеверијата; Филипинците испуштаат гласни звуци преку картонски или пластични свирки кои ги нарекуваат „торотот“, трескање на железни садови и палејќи огномети и пиротехника, за кои се верува дека ќе ги избркаат лошите духови и слитезлите сили.
 
Во урбаните населени места има многу новогодишни прослави на кои има одбројување, кои се организирани од приватни лица со помош на локалните власти. На овие забави има спектакуларни огномети на кои присувствуваат многу луѓе. Главната новогодишна прослава се одржува на Манила беј.
Анонимен корисник