Новогодишна ноќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 54:
Секоја година [[Берлин]] е домаќин на една од најголемите прослави на Нова година во цела [[Европа]] на која присуствуваат преку милион луѓе. Главната точка на вечерта е Бранденбуршката Порта каде се сместени огнометите. Германците имаат репутација на луѓе кои трошат многу голема сума на пари за огномети и петарди и затоа се гледаат огномети низ текот на целата вечер. Кога часовникот ќе удри на полноќ на Силвестер, германците наздравуваат со Сект (германско пенливо вино) или пак шампањ.
 
''Bleigießen'' е уште една германска традиција за нова година кадешто се предвидуваат иднините со помош на испотеното олово паднато во ладните води. Други традиции за среќа се допирањето на чистач на оџаци или тој чистач да ве намачка со малку пепел на вашето чело за добра среќа и здравје. Традиционално се јадат крофни наполнети со желе со или без алкохол . Конечно за среќа се јаде и едно мало марципанско прасе.
 
=== Данска ===
Ред 76:
Рестораните, клубовите, кафулињата и хотелите обично се пребукирани и организираат забави со храна и музика во живо. Меѓутоа српската Нова година е најпозната по веселбите кои се одржуваат надвор во [[Белград]] и некои други градови како [[Нови Сад]] или [[Ниш]]. Од средината на декември градовите се екстензивно декорирани и осветлени. Декорациите остануваат сè до доцна во јануари благодарение на влијнието на јулујанскиот календар.
 
Низ регионот, особено на просторот на бившите Југословенски републики, [[Белград]] е познат како место на кое се одржуваат големи забави, концерти и случувања. Во поскоро време стана традиција голема група на Словени да го посетуваат својот стар главен град и да го прославуваат почетокот на Новата година. Особено во текот на 90-тите , уличните прослави се претворија во масовни собири на кои присуствуваат стотици илјади граѓани, прославувајќи ја Новата година на неколку локации низ Белград.
 
За време на мандатот на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ собирите добиваа и силна политичка конотација. Од 2000 година градот Белград секоја година организира неколку концерти со голем број домашни и интернационални изведувачи на поголемите Белградски плоштади. Концертите започнуваат рано навечер и траат сè до раните утрински часови. Обично се организираат посебни концерти за младите и посебни за постарите.
 
Полноќ е обележан со огромен број огномети испукани од соодветни места. На 1 јануари улицата Светогорска е затворена за сообраќај и се користи за фестивалот „Улица на отворено срце“, се служат храна и пијалаци и се изведуваат разни претстави на отворено , додека семејствата со децата како и политичарите (најчесто и претседателот) се шетаат низ улицата.
 
Вечерта на 1 јануари е резервирана за таканаречената „реприза“, или повторување на претходната вечер, луѓето најчесто одат во клубови или кај пријатели или на плоштад каде што биле претходната вечер за да прослават уште еднаш. Исто така се организираат прослави со послаб интензитет од претходната вечер.
 
На 13 јануари , голем дел на населението ја прославува „Српската Нова година“, според јулујанскиот календар. Овој пат еден концерт е организиран пред градското собрание или пред Националниот парламент (во Белград), каде се подготуваат огномети од страна на Српската Православна Црква и се испукува од катедралата на Св. Сава , каде се собираат луѓето. Други градови организираат слични прослави.
 
=== Франција ===
Ред 109:
 
=== Шпанија ===
Шпанската нова година (''Nochevieja'' или ''Fin de Año'' на шпански, ''Cap d'Any'' на каталонски, ''Nit de Fi d'Any'' на валенсијски , ''Cabo d'Anyo'' на арагонски) најчесто се прославува со семејна вечера, со јадење на ракчиња или јагнешко. Шпанската традиција говори дека носењето на нов црвен долен веш на Новогодишната вечер носи добра среќа. Вистинското одбројување првично се следи од часовникот на врвот на зградата ''Casa de Correos'' на плоштадот ''Puerta del Sol'' во [[Мадрид]]. Традиција е да се јадат 12 грозја по едно на секое отчукување на часовникот. Оваа традиција своите почетоци ги бележи во 1909, кога одгледувачите на грозје во Аликанте го смислиле ова како начин за ослободување од вишокот грозје кои тие го произвеле таа година. Денеска скоро секој Шпанец ја следи таа традиција, а 12-те грозја станаа синоним за новата година.
 
Откако часовникот ке означи полноќ, луѓето си честитаат и наздравуваат со шампањ или со пенливо вино. По завршувањето на семејната вечера и јадењето на грозјата, многу млади луѓе присуствуваат на новогодишни забави во пабови, дискотеки и други слични места (овие забави се нарекуваат ''cotillones de nochevieja'' бидејќи шпанскиот зборе ''cotillion'' се однесува на забавни украси како конфети, капи и слично). Забавите обично траат до следниот ден и ги има од мали, лични прослави па сè до огромни прослави во хотелски простории за конвенции. Следното утро рано, луѓето се собираат за традиционалниот зимски појадок односно топло чоколадо и лиснати теста.
Ред 129:
Плажата Копакабана се смета за една од најдобрите локации за огномет во целиот свет за време на Новогодишната вечер. Градот Сао Паоло исто така одржува еден познат настан односно Маратонот на Свети Силвестер кој ги опфаќа улиците помеѓу Авенија Паулиста и центарот на градот.
 
Во други религии, се одржуваат други настани. Во Форталеца, Чеара се одржува голема забава со огномет и музички шоуа во живо во областа ''Praia de Iracema'' која привлекува повеќе од милион луѓе во последните неколку години .
 
=== Еквадор ===
Покрај традиционалните семејни настани и оброци , модерни прославувања како одење во ноќни клубови се проминента одлика во [[Еквадор]], но главниот настан е палењето на огнометите и илјадници кукли кои ја претставуваат изминатата година.
 
=== Мексико ===
Ред 146:
 
=== Австралија ===
Секој поголем град во [[Австралија]] одржува прослави за Нова година , најчесто пропратени со огномети меѓу другите настани. Глоучестер Парк е тркачка патека во централен [[Перт]] и во него се одржува најпознатиот огномет. Во Брисбејн годишно се собираат 50.000 луѓе околу реката Брисбејн во градот и набљудуваат огномет додека други настани се одржуваат во градот и во Саутбенк.
 
Двете најголеми прославувања се одржани во двата најголеми градови во Австралија, [[Сиднеј]] и [[Мелбурн]]. Прославата во Сиднеј е најчесто тематска проследена со светлосни шоуа и голем симбол во средината на мостот Сиднеј Харбор, преку 1,5 милион луѓе се собираат во Порт Џексон. Огнометот трае од 12 до 25 минути и е проследен од музички шоуа поставени на повеќе сцени низ целата плажа. Како една од првите прославувања на Новата година благодарение на часовните појаси, Австралискиот огномет најчесто е пренесуван преку телевизиски канали во теков на денот на 31 декември.