Вера Вучкова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
 
== Животопис ==
Вучкова е родена на [[24 август]] [[1925]] во [[Кнежа]], [[Бугарија]]. Таа својата актерска дарба ја покажала уште на училишните години. По матурирањето во [[СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола|Битолската гимназија]] во [[1944]] година, и се приклучила на легендарната партизанска театарска група на [[Агитпроп|АГИТПРОП]], со која, во ноември 1944, стасала во штотуку ослободеното [[Скопје]]. Како и [[Петре Прличко]], [[Илија Милчин]], [[Тодор Николовски]], [[Василие Поповиќ - Цицо]], [[Димитар Ќостаров]], [[Тома Владимирски]], [[Крум Стојанов]], таа влегла во [[Македонскиот народен театар]], станувајќи една од неговите први глумици.
 
Со Милчин и Стојанов, Вучкова исполнила на уште една историска театарска мисија: во јуни 1947, учествувала во основањето на [[Областен македонски народен театар]] во [[Горна Џумаја]] (Благоевград), Бугарија. Играла носечки ролји во сите пет претстави што овој театар ги изиграл во својата единствена сезона [[1947]]-[[1948]] година.