Президиум на АСНОМ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
|}
За поефикасно вршење на извршните ингеренции, на [[6 август]] во рамките на Президиумот на АСНОМ се формираат осум поверенства. За повереници се назначени: Брашнаров (за информации), Петрушев (за внатрешни работи), Поп Андонов (за просвета), Соколов (за народно стопанство и обнова), Фотев (за финансии), Гигов (за сообраќај и градежништво), Петровски (за социјална политика) и Пирузе (за судство).<ref>„Прва народна влада на Македонија“, Републички комитет за информации, Скопје, 1985, 33 стр.</ref>
 
Во периодот до Второто заседание на АСНОМ, Президиумот донесол повеќе решенија: решение за организација поверенства при Президиумот на АСНОМ и именување на нивните раководители, за поделба на Македонија на области, околии и општини, за издавање бонови, за организирање на аптекарската служба, за мобилизирање на аптекарите и откупување на приватните аптеки, за организирање на аналфабетски курсеви, за востановување на учителска школа, за востановување на основна и средна настава, за востановување на државна здравствена служба, за востановување на весник, орган на АСНОМ, за востановување на народна милиција, за важноста на левот и лекот, за создавање фондови за исхрана и др.
 
== Второто заседание на АСНОМ и Работното тело на Президиумот на АСНОМ ==