Ендоплазматичен ретикулум: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Уредување во делот за функции на ЕР.
Ред 7:
 
== Функција ==
Ендоплазматскиот ретикулум е мултифункционална органела и централно место на синтеза, транспорт, набирање и посттранслациона модификација на протеини, синтеза на масти и стероиди. ЕР претставува најголемо интраклеточно складиште на калциум и со тоа има значајна улога во процесите на сигнална трансдукција.
ЕР претставува внатрешноклеточен [[крвоток]], низ кој се пренесуваат [[белковина|белковините]], [[јаглехидрат]]ите и други материи. Зрнестиот ЕР учествува во [[Синтеза на белковини|синтезата на белковините]].
 
Во мускулните клетки, ендоплазматскиот ретикулум е особено развиен (таканаречен саркоплазматски ретикулум) и има улога преку ослободувањето на калциум во контракција на мускулите.
 
Мазниот ЕР е специјализиран главно за липидниот метаболизам – на ниво на мембраната на мазниот ЕР се одвива синтезата на различни липиди (фофсолипиди, холестерол, стероидни хромони). Во мазниот ЕР на клетките на црниот дроб се одвиваат процеси на детоксификација и биотрансформација на ксенобиотици.
 
ЕР е има значајна улога за обновување на мембраните на клетката, преку синтеза на фосфолипиди  и регулација на везикуларниот транспорт. По митозата, воспоставувањето на нова јадрена обвивка се одвива на ниво на ЕР.
 
Подобро е развиен ендоплазматичниот ретикулум во клетките кои покажуваат поголема активност, како на пример, во клетките на [[мускул]]ите, а кај младите недиференцирани клетки ([[ембрион]]ални и [[творно ткиво|творни]]) е послабо развиен.