Свети Мартин Турски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Житие: Обичајна исправка, replaced: Григориј од Тур → Григориј Турски (3)
с →‎Житие: Јазична исправка на врска, replaced: рква (објект) → рква (градба) (2)
Ред 4:
[[Податотека:Simone Martini 028.jpg|thumb|left|225px|Св. Мартин го напушта војничкиот живот на коњаник (фреска на Симоне Мартини)]]
[[Податотека:El Greco - San Martín y el mendigo.jpg|thumb|Св. Мартин и просјакот (Ел Греко)]]
Св. Мартин бил третиот [[епископ]] во градот [[Тур]]. Кога му опаднала силата и се приближил часот на неговата смрт, се собрале жителите на [[Поатје]] и на Тур за да присуствуваат на неговата блажена [[смрт]]. Според пишувањето на [[Григориј Турски]], веднаш по смртта на св. Мартин започнала голема расправа меѓу жителите на овие два града. Жителите на Поатје зборувале: „Тој е наш [[Свештенство|калуѓер]], кај нас стана [[свештенство|опат]] и бараме да ни го дадете. Доволно е што ги слушавте неговите проповеди, додека беше епископ на овој свет, јадевте на истата трпеза, тој ве поддржуваше со своите благослови, а покрај тоа, ве исполнуваа со радост чудата што ги правеше. Задоволете се со сето тоа, а нам нека ни припадне неговото мртво тело.“ Од друга страна, жителите на Тур одговарале: „Велите дека ни се доста неговите чудесни дела, но да знаете дека тој направи повеќе чуда кај вас, отколку овде. Зашто, ако оставиме настрана многу други работи, треба да се сетиме дека тој ви [[Воскресение|воскресна]] двајца мртовци, а нам само еден, впрочем, како што самиот зборуваше во повеќе наврати, неговата чудотворна сила беше поголема во времето пред да стане епископ, отколку откако беше положен за епископ. Значи, треба она што не стигна да го направи за нас додека беше жив, да го направи сега, кога почина. [[Бог]] го зеде од вас и ни го даде нам...“ Така двете страни се расправале до ноќта, [[Црква (објектградба)|црквата]] во која било положено телото на [[светец]]от ја заклучиле, а жителите на двата града поставиле своја стража. Според Григориј Турски, „Господ не дозволи Тур да остане без патронот“. На полноќ, стражарите од Поатје заспале, а жителите на Тур го зеле телото на св. Мартин, го фрлиле низ прозорецот, а потоа со [[Брод (пловило)|брод]] го однеле во Тур. Жителите на Поатје се разбудиле од [[Химна|химните]] и [[псалм]]ите што гласно ги пееле жителите на Тур, а потоа збунето се вратиле дома „без да го добијат богатството што го чуваа“.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 70-71.</ref>
[[Image:Basiliquestmartin.jpg|thumb|upright|Базиликата „Св. Мартин“ во Тур]]
 
Понатаму, Григориј Турски ја опишува и случката во која, во една прилика, кралот на [[Франки]]те, [[Хилперик]], барал совет од св. Мартин и затоа наредил во гробот на светецот да се стави писмо со молба да го избрка својот непријател од [[Црква (објектградба)|црквата]] која била осветена во чест на св. Мартин. Ѓаконот кој го ставил кралското писмо во [[гроб]]от, над него оставил и чиста [[хартија]], но во текот на три дена попусто го очекал одговорот од светецот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 72.</ref> Во друга прилика, на гробот од св. Мартин дошле стражарите на архиепископот од Орлеан за да фатат еден бегалец, кој се криел таму. Меѓутоа, локалните селани се вооружиле и застанале во одбрана на својот покровител, со зборовите дека „тие нема да дозволат да се посрамоти нивниот светец“.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 74.</ref>
 
== Поврзано ==