Покајание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: сé → сè
с →‎Покајанието во средновековната пракса во Западна Европа: Јазична исправка на врска, replaced: рква (објект) → рква (градба)
Ред 12:
Во католичките цркви во периодот на [[среден век|средниот век]], постапката на покајување на гревовите започнувала така што верникот најпрвин потврдно ќе одговорел на прашањето: Дали верува во Таткото, Синот и Светиот Дух и во нивното единство, а потоа [[Свештенство|свештеникот]] преминувал на прашањата за гревовите. Притоа, исповедувањето се сметало за „суд божји“, свештеникот ја вршел функцијата на судијата, а од верникот се очекувало да биде подготвен да ги анализира своите постапки, да ги проценува и да се кае во случај на кршење на христијанските заповеди.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 134.</ref>
 
Почнувајќи од [[6 век]], во [[Западна Европа]] се појавиле т.н. „[[покајнички книги]]“ (пенитенцијалии) кои претставувале список на гревовите заедно со соодветните црковни казни. На пример, човекот кој [[Убиство|убил]] некој роднина или го убил својот господар морал да пости долго време, а не смеел да јаде [[месо]] и да пие [[вино]], да се капи, да користи [[оружје]] (освен во војните против [[пагани]]те), како и да комуницира со другите [[христијани]]; ако таквиот покајник требало да патува некаде, морал да оди пеш, т.е. никако не смеел да јава [[коњ]] или да се вози со кочија. Инаку, казните за гревовите не биле ограничени само на [[пост]], [[молитва]] и неспиење, туку биле предвидени и различни други казни, како: спиење во вода, на [[коприви]] или на лушпи од ореви, спиење во студена [[Црква (објектградба)|црква]], па дури и во ковег заедно со мртовецот; потоа, стоење простум со раширени раце во форма на [[крст]], пеејќи стихови од [[Библија]]та (''palmatae''); удирање со [[Дланка|дланките]] по подот; камшикување или самокамшикување, итн. Уште повеќе, пенитенцијалите содржеле и некои необични казни: за рана нанесена на [[епископ]] или на [[кнез]], ако таа е видлива три години, требало да се плати колку што изнесувала цената на една [[роб]]инка; ако на епископот му била искорната косата, на виновникот требало да му се откорнат 12 влакна од [[коса]]та за секое влакно на епископот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 57-58.</ref>
 
Пенитенцијалите поаѓале од претпоставката дека врз душата на грешникот може да се влијае преку телесните страдања, а оттука произлегува и нивната фразеологија во која преовладува сфаќањето на [[епитимија]]та како лек за [[душа]]та. На тој начин, во овие дела постојано се среќаваат [[Медицина|медицински]] аналогии, а книгата ''Corrector'' на Бурхард Вормски дури има и друг наслов - ''Medicus''. Бидејќи гревот се сметал за еден вид [[болест]] на душата, основниот принцип на [[античка медицина|античката медицина]] „спротивноста се лечи со спротивност“ (''contraria contrariis sanantur'') доследно се применувал врз грешниците: гордоста се лечела со понизност, алчноста со милосрдие, мрзата со работа, зборливоста со молчење, лакомоста и пијанството со пост.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 58.</ref>