Свети Димитрија Солунски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Живот: Јазична исправка на врска, replaced: рква (објект) → рква (градба)
Ред 32:
Овој славен и чудотворен светител се родил во [[Солун]] од благородни и благочестиви родители. Измолен од [[Бог]]а од бездетни родители, Димитрија бил син единец, така што бил воспитан со големо внимание. Татко му бил [[војвода]] солунски и кога умрел, Димитрија бил поставен за војвода, наместо неговиот татко. Кога го поставил за војвода, царот [[Максимијан]] особено му препорачал да ги гони и истребува [[христијани]]те во Солун. Но, Димитрија не само што не го послушал царот туку напротив, јавно го проповедал христијанството во Солун. Кога слушнал за тоа, царот Максимијан многу се огорчил и еднаш, враќајќи се од [[војна]], дошол во Солун за да ја испита оваа работа. Тој го повикал војводата Димитрија и го испитувал за верата. Димитрија, јавно пред царот, признал дека е христијанин и го изобличил идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрлил Димитрија во [[затвор]].<ref>„Митровден ги собира најблиските дома“, ''Дневник'', година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 28.</ref>
 
Знаејќи што го чека, Димитрија му го врачил сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отишол во затворот весел, зашто му претстоело страдање во името на [[Господ]]. Во затворот, нему му се јавил [[ангел]] и му рекол: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена, царот испратил војници во затворот за да го убијат Димитриј. Војниците го нашле Димитрија во молитва и го избодиле со копјата. Неговото тело тајно го презеле христијаните и чесно го погребале. Преданието вели дека од неговото тело потекло исцелително миро, со коешто многу болни се излечиле. Наскоро, над моштите на св. Димитрија била подигната малечка [[Црква (објектградба)|црква]]. Еднаш, некој [[Илири|илирски]] војник, Леонтиј, бил болен од неизлечлива болест, но со помош на моштите на Св. Димитрија и со молитва целосно оздравел. Од благодарност, тој му подигнал на Св. Димитрија многу поголема црква, а светителот му се јавил двапати.
 
Подоцна, кога царот [[Јулијан Отпадникот|Јулијан]] сакал да ги пренесе моштите од Солун во [[Цариград]], од гробот скокнале пламени искри и се чул глас: „Застанете и не гибајте!“ И така, моштите на Св. Димитрија останале засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун, Св. Димитрија се јавувал многупати,спасувајќи го градот од големи неволји. [[Руси]]те го сметаат и за покровител на [[Сибир]], којшто го освоиле и го присоединиле кон [[Русија]] во [[1581]] година.