Турско-ерменска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправено име на предлошка, replaced: знамеикона image → Знаменце (8)
с →‎Договор од Александропол: Правописна исправка, replaced: Орџоникидзе → Орџоникиѕе
Ред 62:
Турците, со седиште во Александрополи, упатиле до Ерменците ултиматум кој биле принудени да ги прифатат. Ерменците на почетокот го отфрлиле ова барање, но кога силите на Карабеќир продолжиле да напредуваат, тие немале друг избор освен да капитулираат<ref name="Hewsen-237" />. На [[18 ноември]] [[1920]] година, тие склучиле договор за прекин на огнот<ref name="Atlas" />. За време на инвазијата, турската армија извршила масовни злосторства против ерменските цивили. Тие вклучувале масовни силувања и масакри со погубени десетици илјади цивили. Злосторствата се случиле во Карс и Александропол<ref name="Dad360-361"/><ref name="Armenia 1980"/><ref name="Akçam 2007 327"/>.
 
Со оглед на тоа што условите за пораз се преговарале меѓу Карабеќир и ерменскиот министер за надворешни работи, Александар Хатисјан, [[Јосиф Сталин]], по команда на [[Владимир Ленин]], наредил [[Григориј ОрџоникидзеОрџоникиѕе]] да влезе во Ерменија од [[Азербејџан]], со цел да се формира нова проболшевичка влада во земјата. На [[29 ноември]], советската единаесетта армија ја нападнала Ерменија во Каравансарај<ref name="Hewsen-237" />.
 
По заземањето на [[Ереван]] и [[Вагаршапат]] од страна на болшевичките сили на [[2 декември]] [[1920]] година, ерменската влада го потпишала Договорот од Александропол на [[3 декември]] [[1920]] година, иако повеќе не постоела како правно лице<ref name="Atlas" />. Договорот барал Ерменија да ги разоружа повеќето од своите воени сили и да ги отстапи сите османлиски територии што и биле доделени на Ерменија со Договорот од Севр. Ерменскиот парламент никогаш не го ратификувал договорот, бидејќи советската инвазија се одржала истовремено и комунистите ја презеле контролата над земјата.