Патент: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Патент''' е уверение за [[интелектуална сопственост]] што државата му го дава на еден пронаоѓач кое му гарантира исклучиви права на [[пронајдок]]от со негово објавување во јавноста.<ref>{{маклек|патент|патент}}</ref>
 
Предмет на патентна заштита е пронајдокот како материјализаиран производ на инвентивниот труд на поеднинец или на група луѓе доколку ги исполнува утврдените услови со закон. Законите и меѓународните конвенции кои ја регулираат оваа област обично не го дефинираат поимот „[[пронајдок]]“. Оваа интенција е присутна и во македонскиот [[Закон за интелектуална сопственост]] од 1993 и од 2002 година. Во Законот за индустриска сопственост од 2002 содржана е многу општа дефиниција на поимот „пронајдок“, во која се укажува само на техничката природа на пронајдокот како решение на технички проблем, а потоа се наведува дека пронајдокот може да се однесува на „производ, постапка или материја сама по себе, која е резултат на одредена постапка“. Избегнувањето да се дефинира поимот пронајдок доаѓа оттаму што неговиот поим зависи од третманот што тој го добива во конкретниот закон кој ја регулира оваа област за одредена земја или група земји. Законодавецот се определил да дефинира на што се однесува пронајдокот, но користи општи поими – „[[производ]]“, „[[постапка]]“ и „[[материја]]“ – за да овозможи пошироко толкување на областите на кои се однесува пронајдокот. Неопходните критериуми кои треба да ги исполнува пронајдокот за да може да се заштити со патент се:
Ред 8:
Во македонскиот Закон за интелектуална сопственост се наброени човековите интелектуални креации кои не се сметаат за пронајдоци, а тоа се: откритија, научни [[Теорија|теории]], [[Математика|математички]] методи, естетски творби, планови, правила и постапки за вршење интелектуална дејност, за игри или за вршење деловни или бизнис активности, [[компјутер]]ски програми и прикажувањето [[информации]].
 
==== Видови патенти ====
Најголемиот број национални закони, покрај корисните модели и мали патенти, ги познаваат следниве видови патент: доверлив патент, дополнителен патент и зависен патент. Според друг критериум, патентите се делат на: патенти создадени од индивидуални пронаоѓачи, патенти создадени од повеќе пронаоѓачи и патенти создадени во работен однос.
 
Ред 17:
Како ''зависен патент'' се дефинира оној патент со кој се заштитува пронајдок којшто не може самостојно да се применува и за чија примена е неопходна истовремена примена на друг пронајдок, којшто временски порано е заштитен со патент. Станува збор, значи за два пронајдока коишто се функционално поврзани, а пронаоѓачи се две сосем различни лица.
 
==== Патентите во Македонија ====
За заштита на пронајдоците особено е значајна фазата на пријавување на пронајдокот во соодветна државна институција. Постапката за признавање патент во [[Република Македонија]] се регулира со Законот за индустриска сопственост и со Правилникот за патент. Согласно овој Закон, постапката за признавање патент се поведува со пријава која содржи барање за признавање на правото. За секој пронајдок се поднесува посебна пријава. Една пријава за патент може да содржи и повеќе пронајдоци кои се така меѓусебно поврзани што да остваруваат единствена пронаоѓачка замисла. Битни делови на пријавата, според Законот, која се поплнува на соодветен образец се: барање за признавање патент, опис на пронајдокот, патентно барање, апстракт и нацрт.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Патент