Кристофер Колумбо: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Отповикано |
Одбиена последната промена (од 46.217.97.65) и ја поврати преработката 4175085 на Bjankuloski06 Ознака: Рачно отповикување |
||
Ред 22:
Историски најзначајно е неговото прво патешествие во [[1492]] и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот третпат во [[1498]]. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. [[Викинзи|Викиншкиот]] истражувач [[Лиф Ериксон]] стигнал до Северна Америка во [[11 век]], но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки [[Империјализам|национален империјализам]] и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и [[Колонија|колонии]]. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување ([[Колумбовден]]) се слави во [[САД]] и наоколу во светот.
== Патувањата ==
=== Прво патување ===
[[Податотека:Santa-Maria.jpg|thumb|Реплика на „[[Света Марија (брод)|Св. Марија]]“]]
[[Податотека:Columbus Taking Possession.jpg|thumb|right|Колумбо во освојување на „Новиот Свет“, хромолитографија од 1893 г.]]
Вечерта на [[3 август]] [[1492]], Колумбо отпловил од [[Палос]] со три бродови, „[[Св. Марија (брод)|Св. Марија]]“, „[[Ниња]]“, и „[[Пинта (брод)|Пинта]]“ <ref>Извори тврдат дека на бродовите никогаш официјално не им биле дадени имиња</ref>. Бродовите биле во сопственост на [[Хуан де ла Коса]] и браќата Пинзон ([[Мартин Алонзо Пинзон|Мартин]] и [[Виченте Јањез Пинзон|Виченте Јањез]]), но монасите ги присилиле жителите на Палос да придонесат кон експедицијата. Колумбо најпрво допловил до [[Канарските Острови]] кои биле во сопственост на [[Кастиља]]. Таму бродовите ги дополниле залихите и направиле поправки, а на [[6 септември]] тргнале во петтонеделно патување преку [[Атлантски Океан|Атлантскиот океан]].
Според некои легенди, посадата била толку исплашена и тагувала за нивните домови да се заканила дека ќе отпловат назад кон Шпанија. И покрај тоа што вистината не се знае, сепак се верува дека морнарите се изјасниле во форма на жалби и сугестии.
|