Пиколомини пред портите на Скопје: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 11:23, 19 декември 2020

Пиколомини пред портите на Скопје е роман на Данило Коцевски објавен во издавачли центар Три, од Скопје во 2005 година.

Содржина

Пиколомини пред портите на Скопје е рпман хроника за настаните поврзани со историското минато на Скопје. Станува збор за 1689 година, во која градот доживеал две ужасни трагедии: чума и пожар.

Градот, кој според мислењето на Пиколомини, австрискиот генерал кој со својата војска тргнал во одмазда на Османлиите кои во освојувачкиот поход нанеле огромна штета на неговиот град Виена, можел да се спотеди со ибавините на Прага. Војската на Пиколомини има несреќа во тој поход да го затекне Скопје во време на негова трагична борба со чума.

Во романот се опишани страотни мигови на борба со оваа ужасна болештина позната во народот и како црна смрт, карактерот на луѓето, на емоции предизвикани од страв, од страдање, од алчност или хуманост. Во дел на романот кој е насловен како Чума можеме да ги согледаме елементите на суеверије, на митот, на стварност, но и вистината за оптрајување на доблести и мани на човекот низ времето.

Општа хронолошка линија укажува дека Пиколомини наредил градот да се запали поради сиот тој ужас, но дали е така? Историските и политичките околности во тоа време се толку сложени, така што сведувањето на ова опожарување единствено на мотивот на чумата не е доволно. Постојат уште неколку други мотиви за да се уништи еден толку убав град како Скопје, а тие мотиви би можеле да се подредат на следниот начин:

1. Стратегиско-военото значење што Скопје го имало по победата на австриската војска кај Ниш и нејзиниот поход на југ, кон Македонија, но и земјите кон запад, на Јадранскиот Брег. Евентуалната османлиска офанзива од југот би била неуспешна ако Скопје се уништи и не би можело да се користи како моќна стратегиска база на османлиско-татарските војски, кои би ги гонеле Австријците кон север. Тоа подоцна и се случило, иако Скопје било опожарено.

2. Мотивот за одмазда бил многу силен кај Австријците, бидејќи тие не можеле да заборават дека при опсадата на Виена во 1683 г., но и претходно, османлиите опожариле цели предградија од Виена, кои биле во пламен. Кога Пиколомини и Австријците ја виделе убавината на Скопје, тие го споредиле со Прага, а во него постоеле богатства и артефакти на кои би им позавидел и самиот Рим. И конечно, зошто Пиколомини, ако била во прашање само чумата, уживал садо-мазохистички гледајќи од Водно како исчезнува градот во пламен, уживајќи во музиката од воениот оркестар, кој свирел покрај него? Очигледно, скопската трагедија имала и друга заднина[1].

Други дела на Авторот

Критики и есеи
  • „Да и не“ (1981)
  • „За новите тенденции“ (1984)
  • „Сепак се движи“ (1985)
  • „Критиката како заблуда“ (1988)
  • „Поетиката на постмодернизмот“ (1989)
  • „Антиномиите на критиката“ (1989)
  • „Модерно и постмодерно“ (1993)
  • „Постмодерни текови“ (1996)
  • „Нови есеи“ (2001)
  • „Побуна на интелектуалците“ (2007)
Романи
  • „Одисеј“ (1991)
  • „Ќе одиме ли кај Џо“ (1992)
  • „Јустинијана, градот кој го нема“ (1999)
  • „Роман за Ное“ (2003)
  • „Пиколомини пред портите на Скопје“ (2005)
Проза
  • „Патување за Аркашон“ (1989)
  • „Магијата на Скопје“ (1997)
Поезија
  • „Каде се раѓа песната“ (1992)
  • „Поетовата смрт“ (1995)

Наводи

  1. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopski-legendi//