Ѕвездено време: Разлика помеѓу преработките

Додадени 1.565 бајти ,  пред 13 години
+
(1)
 
(+)
'''Сидерално време''' е мерка за позицијата на [[ЗемјатаЗемја]]та при нејзината ротација околу својата оска, или мерка за време преку очигледното дневно движење на пролетната [[рамноденица]], што е многу блиску но не сосема исто со движењето на ѕвездите. Се разликуваат по [[прецесија]]та на пролетната рамноденица во десното искачување во однос на ѕвездите.<br />
Земјениот '''сидерален ден''' исто така се разликува од периодот на ротација во однос на позадината од ѕвезди според износот на прецесија во десното искачување во текот на еден ден (8,4 мс).<ref>Seidelmann, p. 48.</ref> Неговата средна вредност на [[Ј2000]] е 23<sup><small>ч</small></sup>56<sup><small>м</small></sup>4,090530833<sup><small>с</small></sup>.<ref name=Aoki>Aoki, S., B. Guinot, G. H. Kaplan, H. Kinoshita, D. D. McCarthy and P. K. Seidelmann: "[http://adsabs.harvard.edu/abs/1982A&A...105..359A Нова дефиниција на универзалното време]". ''Астрономија и Астрофизика'' '''105'''(2), 359-361, 1982.</ref>
Етимологијата на терминот доаѓа од [[латински]]от збор „sidereus“, sidus, sider- = ѕвезда. Според тоа, значењето на овој термин е мерење на времето во однос на позицијата на ѕвездите.
 
==Дефиниција==
Сидералното време се дефинира како часовен агол на пролетната рамноденица. Кога [[меридијан]]от на пролетната рамноденица е директно над земјата, локалното сидерално време е 00:00. Сидералното време на Гринич е часовен агол на пролетната рамноденица на меридијанот на [[Гринич]], [[Англија]]; локалните вредности се разликуваат според [[лонгитуда]]та. Кога ќе се придвижиме по лонгитудата 15° источно, сидералното време се зголемува за еден час.
 
За разлика од пресметувањето на соларното време, овде разликите прецизно се сметаат, не во цели часови. Сидералното време на Гринич и [[UT1]] се разликуваат едно од друго со постојана вредност (ГСТ = 1.00273790935 × UT1).<ref>Seidelmann, pp. 52 и 698.</ref> Сидералното време се користи во астрономските опсерватории, бидејќи сидералното време овозможува да се пресмета кои астрономски објекти ќе бидат видливи во одредено време.