Разлика помеѓу преработките на „Планински гулаб“

с
Додадена категорија
с (Додадена категорија)
[[Живеалиште]]то на планинскиот гулаб е обично отворената земја. Дури и кога гнездат во дрвја, тие не сакаат многу шумовити предели. Често се среќаваат и на крајбрежјата со гребени во кои има дупки.
 
Летот им е брз, изведуван од вообичаени замави со крилјата, со повремени остри плеснувања, карактеристични за гулабите. Убаво стои на повисоки гранки, кабли и сл., а кога се додворува, оди хоризонтално по гранките, држејќи го вратот исправен, крилјата малку спуштени, а опашката раширена.
 
Претежено се храни со растенија, млади ’ркулци и садници, но и [[инсекти]] и [[полжав]]и. Во некои области главно се храни со желади и борови семиња. Јадат разновидни бобинки, шумски плодови, бобинки од глог, смокви, житни зрна, [[грав]], [[грашок]], како и мали [[безрбетници]] кои ги подигаат додека одат по земјата.
[[Категорија:Гулаби]]
[[Категорија:Птици на Македонија]]
[[Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј]]