Ципокрилци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Додадена категорија
 
Ред 19:
[[Symphyta]]
}}
'''Ципокрилците''' или '''опнокрилците''' ([[Систематика|научно]]: ред '''''Hymenoptera''''') се голема група на [[инсект]]и, со преку 100 000 опишани видови<ref>Tanasijević N., Simova-Tošić D. 1985. Posebna entomologija I. Beograd: Poljoprivredni fakultet.</ref>. Се одликуваат со тоа што живеат во големи семејства ([[социјални инсекти]]) со сложена структура и заемодејства. [[Оси]]те, [[мравки]]те и [[пчели]]те припаѓаат во овој ред. Името им доаѓа од [[Старогрчки јазик|старогрчките]] зборови ὑμήν (хумен, значи мембрана или ципа) и πτερόν (птерон, значи крило). Според ова, нивните крила се ципести или мембранести.
 
Се разликуваат два подреда на ципокрилци. ''Symphyta'' имаат т.н. ''седечки стомак'' (широка врска меѓу тораксот и абдоменот), додека ''Apocrita'' имаат ''висечки стомак'' (меѓу првиот и вториот абдоменален сегмент постои стеснување кое му дава подвижност на останатиот дел од абдоменот). [[Ларва|Ларвите]] на симфитите се главно [[растенојад]]ни, а кај апокритите најчесто се [[месојад]]ни или [[паразит]]ски. Што се однесува до потеклото на ципокрилците и [[филогенија]]та во рамките на редот, постојат големи несогласувања меѓу различните автори. За предокот на ципокрилците постојат повеќе хипотези, а и меѓусебните односи на групите ''[[Aculeata]]'' и ''[[Parasitica]]'' во рамките на подредот ''Apocrita'' различно се толкуваат.
 
== Морфологија ==
Ред 52:
=== Абдомен - стомак ===
 
Абдоменот се состои од 10 сегменти. Првиот влегува во состав на тораксот кај симфитите, така што првиот видлив абдоменален сегмент е, всушност, втор. Сегментите се изградени од [[тергит]]и и [[стернит]]и одвоени меѓусебно со мембрани. На страните од тергитите се отвора трахеалниот систем. Обично има 8 пара на [[Стигма (инсект)|стигми]]. Врвните абдоменални сегменти, од 8-от кај женката и од 9-от кај мажјакот, се силно изменети и влегуваат во состав на половиот апарат. Седмиот стернит кај женката е исто така силно изменет. Многу е развиен, свиен наназад и се нарекува [[гипопигиум]]. Првиот сегмент од абдоменот, морфолошки вториот, кај апокритите е исто така изменет. Тој образува дршка - петиола, која ја овозможува подвижноста на абдоменот. Во составот на петиолата влегува само тергит, додека кај ''[[Ammophila]]'' стернит. Кај некои претставници од ''[[Halcida]]'' петиолата е силно редуцирана, така што абдоменот е речиси седечки. Кај фамилијата ''[[Braconidae]]'' првите три абдоменални сегменти се споени, така што и браздата меѓу 2 и 3-от сегмент не се забележува. Кај некои мажјаци 6-от тергит е обрабен со пигидијално поле, кое служи за исфрлање на земјата при градењето на гнездо.
 
== Наводи ==
Ред 58:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Ципокрилци|*]]
[[Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј]]