Демократска обнова на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с поправки
→‎Наводи: врска на име, основач
Ред 20:
|website = [http://www.dom.org.mk http://www.dom.org.mk]
|flag = [[Податотека:Dom zname.jpg|200п]]
|founder=[[Лилјана Поповска]]}}
}}
'''Демократска обнова на Македонија (ДОМ)''' е [[Република Македонија|македонска]] [[политичка партија]] на зелената опција. ДОМ била основана на [[26 ноември]] [[2005]] година<ref>http://www.dom.org.mk/aboutus/2011-04-09-11-52-38.html</ref>, а своето основачко собрание го одржа во [[Скопје]] на [[28 јануари]] [[2006]] година. Тогаш за претседател на партијата беше избрана [[Лилјана Поповска]], која, по своето повлекување од [[Либерално демократска партија|Либерално демократската партија]], беше главниот иницијатор на ДОМ.
ДОМ по само неколку месеци од своето формирање учествуваше на Парламентарните избори во 2006 и на нив успеа да добие едно парламентарно место, пратеник стана претседателката на ДОМ [[Лилјана Поповска]]. На овие парламентарни избори ДОМ освои околу 20 000 гласови на национално ниво. ДОМ како парламентарна партија влезе во владината коалиција, која ја предводеше ВМРО ДПМНЕ, со заменик министер за животна средина и просторно планирање.
Во периодот помеѓу 2006 и 2008, ДОМ имаше нагласена активност во промоцијата на туризмот,културата, науката,образованието итн. Од програмските определби на ДОМ: одржлив економски развој, заштита на животната средина, заштита на културниот и националниот идентитет и почитувањето на истиот на другите еднички групи, силна меѓународна соработка и политика на ненасилство и толеранција, јасно произлезе дека по својата суштина ДОМ е партија на Зелените. Тоа официјално било прогласено со ''Зелениот манифест на ДОМ'' од 2008. ДОМ силно се залага за правата на жената, обновливи извори на енергија, туризам, наука, заштина на животна средина, еко-земјоделство, демократија, почитување на човековите права, зелени работни места. еднакви можности за сите, против дискиминацијата во општеството итн.