Ксенофобија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување на статијата со информации за Јужна и Северна Америка, како и дел од азиските земји.
Дополнување за земјите од Блискиот исток, со што е комплетирана Азија.
Ред 82:
 
Движењето против бегалци е распространето во Тајланд, со анкета од Amnesty International што покажува дека 74% од испитаниците во Тајланд не веруваат дека луѓето треба да имаат можност да се засолнат во други држави за да избегаат од војна или прогонство.
 
=== Јордан ===
Јордан не дозволува влез на Евреи кои прикажуваат видливи знаци на јудаизам или поседуваат лични религиски предмети. Јорданскиот амбасадор во Израел одговори на жалбата на религиозен Евреин кому му бил забранет влезот дека поради безбедносните проблеми се бара патници кои блегуваат во Хашемитското Кралство да не го прават тоа со молитвени шалови (талит) и кожни кутии (тефилин). Јорданските авторитети велат дека целта на оваа политика е да се осигура безбедноста на еврејските туристи.
 
=== Израел ===
Според извештај од 2004 година на Министерството за надворешни работи на САД за Човекови права во Израел и окупираните територии, Израелската влада направила "малку да ја намали институционалната, правната и општествената дискриминација кон арапските граѓани на земјата". Во 2005 извештајот вели дека: "Владата генерално ги почитува човековите права на нејзините жители, сепак има проблеми во некои аспекти, вклучувајќи институционална, правна и општествена дискриминација на арапските граѓани на земјата". Во 2010 извештајот тврди дека израелскиот закон забранува дискриминација на расна основа и дека оваа забрана е успешно спроведена. Поранешниот израелски Министер за одбрана Моше Аренс го критикуваше третманот на малцинствата, велејќи дека тие не ја сносуваат целата обврска на израелско државјанство, ниту пак ги добиле целосните привилегии кои следуваат со истото.
 
Асоцијацијата за човекови права во Израел објавува извештаи кои документираат расизам во Израел и извештајот од 2007 година покажува пораст во анти-арапскиот расизам. Една анализа на извештајот заклучува: "Над две третини од израелските тинејџери веруваат дека Арапите се помалку интелигентни, некултурни и насилни". Израелската влада на тоа одговара дека тие се "посветени во борбата против расизмот кога и да се појави и се залагаат за целосна еднаквост на сите израелски државјани, без разлика на етничка припадност или позадина, како што стои во самата Декларација за независност на државата". Изи Лајблер од Центарот за јавни работи изјавува дека израелските Евреи имаат проблем со "непријателски, дури и предавнички настроени израелски Арапи" додека државата е во војна. Анкета во 2018 спроведена со израелски испитаници покажува дека тие се против мигранти споредбено повеќе отколку испитаниците од другите држави.
 
=== Либан ===
Ал-Манар, ТВ каналот на Хезбола, често е обинет за антисемитистички прикази во кои се обвинуваат Евреите/Ционистите за ковање заговори против арапскиот свет, често користејќи извадоци од антисемитистички текстови употребувани во почетокот на 20-тиот век. Во друг инцидент, коментатор од телевизијата алудира на "Ционистички обиди да пренесат СИДА во арапските држави". Ал-Манар негира објавување на антисемитистички содржини и декларираат дека групата е анти-Израел, не антисемитистичка. Сепак, Хезбола делува против Израел и Евреите, со самото тоа што учествува во објавување и дистрибуција на антисемитистичка литература. Владата на Либан ги нема критикувано постапките на Хезбола.
 
Има и значаен број на сведоштва за злоупотреба на мигранти работници во Либан, особено од Етиопија, Бангладеш, Филипините, Шри Ланка, Судан и други азиски и афрички земји, која е дополнително влошена од Кафала системот (систем на спонзорство). Забележан е пораст во ваквата експлоатација за време на Ковид-19 пандемијата.
 
=== Палестина ===
Различни палестински организации и индивидуи се обвинувани за антисемитизам. Хауард Гатмен верува дека омразата настанува поради арапско-израелскиот конфликт и дека негово мирно решавање значително би го намалило антисемитизмот.
 
Во август 2009 година, Хамас не дозволува палестински деца да учат за Холокаустот и го нарекува "лага измислена од ционистите" и едукацијата за Холокаустот ја нарекува "воено злосторство".
 
=== Саудиска Арабија ===
Расизмот во Саудиска Арабија е насочен кон странски работници, кои се најчесто од земји во развој. Азиски куќни помошнички кои работат во државата биле мета на расизам и други типови на дискриминација. Странски работници доживувале силување, експлоатација, плаќање премалку или неплаќање воопшто и заклучување на нивните работни места. Меѓународната организација Human Rights Watch ги опишува овие услови како "речиси ропство" и причината за нив ја идентификува како "длабоко вкоренета родова, религиска и расна дискриминација". Во многу случаи работниците не пријавуваат од страв да не ја изгубат својата работа или да не бидат понатамошно злоупотребувани.
 
Имало повеќе случаи на антисемитизам во Саудиска Арабија и е честа појава во религиозните кругови во државата. Евреи често се напаѓани во медиумите, преку книги, статии, во џамии и преку антисемитистичка сатира. Владата на Саудиска Арабија и верските лидери често пропагираат дека Евреите се дел од заговор да го преземат светот и како доказ користат антисемитистичка литература од почетокот на 20-ти век.