Цимери: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Цимери''' - македонска комедија.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.tvpaket.com.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%ba%d0%be%d0%bc-%d1%86%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%be/|title=Новиот македонски ситком „Цимери“ од понеделник на Алфа|work=ТВ Пакет|language=en-US|accessdate=2020-12-14}}</ref>
 
На 12 октомври 2015 на [[телевизија Алфа]] започнала новата хумористична играна серија „Цимери“. Проектот бил дел од сопствената играна продукција на Алфа содржел 40 епизоди од по 30 минути. Режисер бил [[Тихомир Бачовски]], кој изјавил дека дејството опфаќало реални ситуации од животот со веродостоен игран приод.
 
Извршен продуцент на серијата бил Тони Ристов, а се работело според идеја на Ефтим Трајчов.
 
Сценаријата ги напишале Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Главните улоги ги толкувале: Кристина Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеоски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Бојан Велевски и други македонски артисти.
 
== Заплет ==
Главните шест лика се Марко, Цветко, Митко, баба Цена, Финка и Свјатло Красимиров, кои ќе го прикажат животот на цимерите во Скопје низ комичните ситуации на нивниот секојдневен живот. Случките низ кои ќе ги градат ликовите се од современото живеење и се проткаени со хумористични и иронични заплети. Темите се актуелни, секојдневни и провокативни, од вработување и градење кариера до вљубување, сексуалност, па се’ до тоа како да се преживее во голем град.
 
== Музика ==
Музичката тема на серијата “Цимери” ја изведуваат [[Куку Леле]], а серијата е снимана во студиото на Алфа и на неколку локации во Скопје.
 
== Наводи ==
<references />
[[Категорија:Македонски телевизиски серии]]
[[Категорија:Македонски дела од 2015 година]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Цимери