Ксенофобија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Islamophobe.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Christian Ferrer поради: per c:Commons:Deletion requests/File:Islamophobe.jpg.
Дополнување на статијата со информации за Јужна и Северна Америка, како и дел од азиските земји.
Ред 15:
=== Јужна Африка ===
[[Податотека:DurbanSign1989.jpg|мини|256x256пкс| Направете резервација на натална плажа „за единствена употреба на членови на групата бела раса“, на англиски, [[африканс]] и [[зулу]] ( Дурбан, 1989). ]]
Ксенофобија во Јужна Африка во моментов е присутна и како [[апартхејд]], како и во пост-апартхејд ера. Непријателството помеѓу британската и Бурски кои ја влошиле [[Бурски војни|Втора Бурска војна]] довела до бунт од страна на сиромашните Африканерите кои ги ограбувале продавниците во сопственост на Велика Британија . {{Sfn|Giliomee|2003}} Јужна Африка, исто така, донела бројни акти со цел да ги задржи Индијанците подалеку, како што е Законот за имиграција на регулативи од 1913 година, со кој се предвидувале исклучување на „непожелните“ групи на луѓе кои имплицирале. Ова ефикасно ја запрела индиската имиграција. Општинскиот одред од 1924 година имал за цел да ги „негира Индијанците општинска франшиза“.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.sahistory.org.za/politics-and-society/anti-indian-legislation-1800s-1959|title=Anti-Indian Legislation 1800s - 1959|work=South African History Online|accessdate=27 јуни 2016}}</ref>еќ
 
== Северна и Јужна Америка ==
 
=== Бразил ===
Иако мнозинството во државата имаат мешано потекло (Пардо, Афричко или домородно), Бразилците кои не се со европејско потекло ретко се претставени и често се исклучени од музички емисии или натпревари за талент. Во случајот на теленовели (ТВ сапуници), Бразилците со потемна боја на кожа се претставени како слуги или луѓе со понизок социоекономски статус.
 
=== Канада ===
Муслиманите и Сиките во Канада се мета на расизам и дискриминација, особено после 2001 како последица на американската "Војна против теророт". Истражување следствено на претходно спроведена студија, покажува дека се' уште има дискриминирачки однос како последица на нападите на Кулите Близначки во Америка на 9-ти септември, 2001 година.
 
=== Колумбија ===
Според истражување на Обединетите нации, 1.3 милиони од вкупно 4 милиони бегалци од Венецуела се стационирани во Колумбија. Поради ургентноста на нивната ситуација, многу венецуелски мигранти нелегално ја поминуваат границата, бидејќи немаат пристап до правни услуги и други основни човекови права и се изложени на експлоатација, злоупотреба, манипулации и појави како расизам, дискриминација и ксенофобија. Од почетокот на мигрантската криза, медиуми и владини претставници предупредуваат за зголемена дискриминација кон мигрантите во државата, особено во форма на ксенофобија и насилство.
 
=== Гвајана ===
Постои расна поделеност помеѓу Индо-гвајанци и Афро-гвајанци.
 
=== Мексико ===
Расизмот во Мексико има долга историја. Мексиканците со посветла боја на кожа имале апсолутна контрола над Амероиндијанците со потемна кожа, како последица на шпанскиот колонијален систем на касти. Кога Мексиканец со потемна кожа ќе стапи во брак со Мексиканец со посветла кожа, често е да се слушне дека "ја направиле расата подобра". Ова може да се толкува како напад кон сопствениот етникум. И покрај подобрени политички и социоекономски услови кон Мексиканците со домородно потекло, дискриминацијата кон оваа група е присутна и тие се ретко заштитени според закон. Насилство кон домородните Мексиканци се случува неретко и многу пати поминува неказнето.
 
=== Венецуела ===
Во Венецуела, како и другите Јужно-Американски држави, економската нееднаквост помеѓу етнички групи и различни раси е забележителна. Шведска студија од 2013 година ја прогласува Венецуела за најрасистичка земја во Јужна и Северна Америка, а веднаш по неа доаѓа Доминиканската Република.
 
=== САД ===
Како во повеќето држави, голем дел од населението во САД продолжува со ксенофобија кон другите раси. Според мрежата од органзации за граѓански и човечки права, "Дискриминацијата проникнува во сите аспекти од животот во САД и продолжува кон сите заедници кои не се од белата раса." Дискриминација на расна, етничка и религиска основа е често видлива, особено кон Муслимани, Сики, автохтоно американско население (Индијанци) и други етнички групи.
 
 
Припадници на сите американски етнички и религиски малцинства се соочуваат со дискриминација при интеракција со други припадници на малцински групи. Филозфот Корнел Вест вели дека "Расизмот е составен елемент во самата структура на американската култура и општество. Вклучен е во првата колективна дефиниција на земјата, изнесен во нејзините понатамошни закони и присутен во доминантниот начин на живот."
 
 
Анкета во 2019 спроведена од Pew Research Centre покажува дека 76% од припадниците на црната раса и лицата од азиско потекло претрпуваат некаква форма на дискриминација, барем од време на време.
 
== Азија ==
 
=== Бутан ===
Во периодот од 1991-92 година, Бутан има депортирано помеѓу 10 000 и 100 000 Непалци. Точниот број на депортирани бегалци е спорен од двете страни. Во март 2008 година, ова неселение започнува со преселување во други земји како САД, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Данска, Холандија и Австралија. САД работи кон преселување на 60 000 бегалци според нивната програма за вселување во трети земји.
 
=== Брунеј ===
Брунеј има закон за позитивна дискриминација на етнички Малајци.
 
=== Кина ===
Ксенофобијата кон некинески жители во Кина ескалираше во рамки на Ковид-19 пандемијата., со описи дека странците се "странско ѓубре" и мета за "отстранување". Некои црнци во Кина беа протерани од своите домови од страна на полицијата и известени дека треба да ја напуштат државата во рок од 24 часа, поради дезинформации дека тие и други странци го шират вирусот. Кинеската ксенофобија и дискриминирачки однос како непуштање на црнци во ресторани беа критикувани од страна на странски влади и и дипломатски тела.
 
=== Индонезија ===
Дискриминирачки закони против Кинеските Индонезијци беа донесени од владата на Индонезија. Во 1959, Претседателот Сукарно одобрува PP1959 (серија на дискриминирачки закони и политики), кои ги принудуваат кинеските Индонезијци да ги затворат своите бизниси во рурални средини и да се релоцираат во урбаните. Згора на тоа, политички притисок во 1970-тите и 1980-тите ја ограничува улогата на кинески Индонезијци во политика, академија и армијата. Како резултат на тоа, тие се ограничени на професионално поле да станат банкари, иноватори, занаетчии или трговски менаџери. Во 1998 година, се покренуваат бунтови во Индонезија против високите цени и гласини за складирање од страна на трговци и сопственици на продавници, кои често воделе до анти-кинески напади.
 
=== Индија ===
Бунтовите во Делхи во 2020 година, кои резултираа со 50 мртви и стотици повредени, беа предизвикани од протести против закон за државјанство перцепиран од јавноста како исламофобичен (анти-муслимански). Тензијата продолжува додека многу муслимански заедници имаат хиндуфобични гледишта, а пак хинди лидерите тврдат дека нивна цел е да ја исламизираат Индија.
 
=== Малезија ===
Во 2014, областа Пенганг во Малезија се одржува референдум, кој забранува странци да приготвуваат локални кулинарски специјалитети. Познатиот готвач Ван го критикувал овој закон.
 
=== Јапонија ===
Во 2005 година, извештај на ОН искажува проблем со расизам во Јапонија и несогледување на проблемот во негова целост од страна на властите. Авторот на извештајот, Доудоу Диен по деветдневно истражување заклучува дека расизмот во Јапонија главно влијае на три групи: национални малцинства, Латино-
 
американци со јапонско потекло (особено јапонски Бразилци) и странци од неразвиени земји. Анкети спроведени во 2017 и 2019 покажуваат дека 40 до 50% од странците претрпеле некаква форма на дискриминација. Друг извештај забележува разлики во прикажување на странци од Западот и прикажување на луѓе од Источна Азија во медиумите, со тоа што вторите се прикажани понегативно.
 
Јапонија прифаќа само 16 бегалци во 1999, додека САД зема 85 010, според ОН. Нов Зеланд, што е земја 30 пати помала од Јапонија, зема 1140 бегалци истата година. Само 305 лица биле признаени како бегалци во Јапонија од 1981, кога Јапонија ја ратификува Конвенцијата за статус на бегалци од Обединетите нации, до 2002. Поранешниот премиер Таро Асо ја нарекува Јапонија "нација со една раса". Истражување од 2019 покажува дека јапонските испитаници имаат релативно ниска стапка на емпатија кон бегалци, споредбено со другите земји.
 
=== Јужна Кореја ===
Ксенофобија во Јужна Кореја е идентификувана од страна на академици и ОН како широко распространет општествен проблем. Зголемената миграција во Јужна Кореја од 2000 наваму доведува до отворено искажување расизам, како и критика кон тие искажувања. Весници често пријавуваат и критикуваат идскриминација кон имигранти, во форми како плаќање помалку од минималната плата, задржување и доцнење со платите, небезбедни работни услови, физичка злоупотреба и генерално неосновано оцрнување.
 
Во анкета спроведена помеѓу 2010 и 201, 44.2% од Корејците изјавуваат дека не би сакале имигрант или странец за сосед. Расистички однос е почесто ориентиран кон имигранти од други азиски земји и Африка, отколку кон Европејски и бели американски доселеници кои понекогаш добиваат и "претерано фин однос". Пријавена е и дискриминација кон деца со мешана раса, кинеско-корејски и северно корејски мигранти.
 
=== Тајланд ===
Нема закони во рамки на Кралството Тајланд што криминализираат расна дискриминација. За разлика од соседните земји кои биле колонизирани, Тајланд со истрорија како неколонизирана земја ги заостува веќе постоечките политики.
 
Движењето против бегалци е распространето во Тајланд, со анкета од Amnesty International што покажува дека 74% од испитаниците во Тајланд не веруваат дека луѓето треба да имаат можност да се засолнат во други држави за да избегаат од војна или прогонство.
 
 
== Поврзано ==