Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: користел → користил (5)
Ред 120:
Меѓутоа Маркс, иако се радувал на историската иницијатива на париското жителство, во исто време и ги критикувал грешките на тие маси, ги критикувал како строг и непропустлив работнички револуционер, тој ја критикувал работата на Централниот комитет на Комуната, кој избрзал во аболицијата на своите овластувања, „великодушноста“ на Комуната кон класниот непријател, нејзината волја „да не започнува граѓанска војна“, итн.
 
На 23-ти мај, непосредно пред падот на Комуната, Маркс се обратил пред Генералниот совет на Интернационалата: „Се плашам дека крајот се ближи, но ако Комуната биде уништена, борбата ќе биде одложена. Принципите на Комуната сеСе вечни и не можат да бидат избришани, тие повторно и секогаш ќе бидат на дневен ред сè додека работничката класа не извои ослободување од капиталот“. „Ма каква и да биде судбината во Париз, таа ќе го заокружи целиот свет“, – пишувал Маркс во врска со Комуната. Маркс длабоко верувал во силата на работничката класа и тој не се плашел од привремените неуспеси и порази.
 
„Париз, работниците и Комуната, – речено е во Манифестот на граѓанската војна во Франција, кој го напиша Маркс, – ќе се прослават како славни стракови на новото општество. Споменот на нивните маченици ќе остане засекогаш врежан во големото срце на работничката класа. Нивните џелати веќе се скршени низ срамното дело од кое не ќе може да ги ослободат сите молитви на нивните попови.“