Тетовско кале: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с Дополнување на текстот за оштетувањата и реновирање на остатоците и промена на називот на калето.
Ред 1:
{{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија
|име=ИсарБалтепе
|слика=Тетовско Кале (53).JPG
|опис=
Ред 15:
}}
 
'''Тетовско кале''' или '''Исарот'''Балтепе — тврдина и значајно археолошко наоѓалиште која се наоѓа на врвот на [[Балтепе]], веднаш над [[Тетово]] на 2 км од градскиот центар. Самото наоѓалиште во археолошки поглед претставува утврдена градска [[населба]] од [[доцноантичкото време]] и [[средниот век]].
 
Сместена е на помала карпеста височинка со стрмни страни што се издига над десниот брег на реката [[Пена]]. На врвот има зарамнето плато наведнато кон југ, со форма на триаголник со димензии од 180 × 130 м и површина од околу 1 ха, целото опфатено со траса на темели од доцноантички одбранбен бедем.
 
Најстарите траги, односно остатоци од ѕидовите на тврдината се големите блокови од [[бигор]], правилно делкани, извадени со диви копања, кои потекнуваат од IV-III век пред н.е. Се претпоставува дека врз темелите на овие ѕидови подоцна, во доцноантичкото време, биле подигнати нови ѕидови цврсто градени од кршен камен и [[малтер]]. Тврдината била обновена во средниот век и подоцна во турскиот период во [[1820]] година од страна на [[Абдурахман Паша]]<ref>{{наведена книга|last=Живко Стефановски, Јован Павловски|title=Тетово (монографија)|publisher=Собрание на општина Тетово|date=1969}}</ref>. На јужниот крај во градиштето е откриен голем број фрагменти од хеленистички и доцноантички керамички садови, [[питоси]] и [[тегули]]. На истиот простор се регистрирани присуство на големи камени блокови и рановизантиски монети. Утврдената населба на Хисар се поврзува со [[Оенеј]], градот на [[Пенести]]те. Имено се смета дека овој град, споменат од [[Тит Ливиј]] во врска со нападот на [[Античка Македонија|македонскиот]] крал [[Персеј]] на Пенестите во 169 година пред н.е., односно кој по навлегувањето во градот [[Ускана]] на вешт начин ја зазел и тврдината на Оенеј, се наоѓал на територијата на [[Тетово]]. Денес самата тврдина претставува една ретка убавина од [[минато]]то во Тетово. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден [[бунар]] на средина и 3 [[тунел]]и за излез. Во тек на [[воениот конфликт во Македонија во 2001]] претрпел големи оштетувања кои со годините после конфликтот оштетените делови од објектите биле реновирани и заштитени.
 
== Наводи ==